Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за здравство:„Мој термин“ функционира беспрекорнo

0
By Менче Атанасова Точи on May 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 20, 2016 17:18

Управата за електронски евиденции, односно „Мој термин“ реагира на текстот објавен на НОВА, во кој се вели дека деветгодишната Верче Туфекчиева од Струмица која има Даунов синдром треба да чека на снимање на магнетна резонанца дури до септември.

Реакцијата ја објавуваме во целост.

„Во врска со натписот објавен во Вашиот медиум со наслов “Девојче со Даунов синдром мора да чека со месеци за снимање”, Управата за електронско здравство „Мој Термин“ информира дека согласно Законот за здравствената заштита, јавните здравствени установи ги дефинираат термините за два месеци однапред, што значи дека ниедна јавна здравствена установа нема дефинирано термини за месец септември, како што е наведено во текстот.

Воопшто не станува збор за време на чекање за магнетна резонанца, имајќи предвид дека според податоците од интегрираниот здравствен информатички систем „Мој Термин“, кои се достапни и на нашиот веб портал, прв слободен термин за магнетна резонанца во скопските клиники во моментот на пишувањето на оваа реакција е за еден работен ден од денес, а за Клиничка болница – Штип прв слободен термин за магнетна резонанца е на 27.05.2016 година во 08:00 часот, односно за 3 работни дена од денес.

Согласно статистиката од МојТ ермин, просечното време на чекање за ова снимање во поголемите центри е следното: ЈЗУ УК за Радиологија – 14 денови, ЈЗУ Клиничка болница Штип – 24 денови и ЈЗУ УК по хируршки болести “Св. Наум Охридски” – Скопје – 14 денови.

Во оваа прилика потсетуваме дека доколку некој пациент има проблем или прашање околу закажувањето преглед во системот „МојТермин“, може во било кое време да се обрати до Министерството за здравство или Управата за електронско здравство „Мој Термин“.

Verce n

НОВА потенцира дека текстот кој го објавивме се заснова на изјава на мајката на Верче, Анче Туфекчиева која побара информацијата да излезе во јавност за да се алармираат институциите. Таа и денеска потврди дека ортопедот во Струмица не бил во можност да закаже снимање за магнетна резонанца бидејќи комјутерот немал пристап до термин, а прв слободен термин бил дури во септември.

„Верче требаше да биде снимана со анестезија, да ја успијат. Таа е дете со посебни потреби и мора да се изведе така снимањето бидејќи не може да го издржи. Кога ортопедот во Струмица, го отвори комјутерот излезе дека прв слободен термин е во септември, а системот не дозволуваше ниту да се креира приоритетен упат. Бидејќи не можевме толку да чекаме зашто Верче има силни болки, тој ни даде приоритет упат до ортопед во Скопје за тој потоа да се обиде да ни креира упат за магнетна резонанца.“, изјави денеска Анче Туфекчиева, мајка на малата Верче.

Но, тие не го употребиле тој упат, немало потреба да одат на ортопед бидејќи благодарение на добрата воља на поединци, Верче утринава е снимана на магнетна резонанца. Се чека мислење од специјалист кој ќе каже која е причината што на Верче и создава болки и ја оневозможува да се движи.

Во меѓувреме, многу луѓе се понудија да помогнат финансиски, Верче да се снима во некоја од приватните болници. Се јавиле и од Клиниката за детски болести од каде им понудиле да закажат снимање во текот на идната недела. Нејзината мајка, Анче Туфекџиева на сите им се заблагодарува. Таа се надева дека системот „Мој термин“ во иднина ќе биде прилагоден и пофлексибилен кон  децата со посебни потреби, бидејќи не е само нејзината ќерка што се соочува со вакви и слични проблеми, од контактите со родителите знае дека ги има многу.

 

 

Мој термин реагира снимање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.