Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за надворешни работи со нов концепт на економска дипломатија

0
By Ivana on June 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска учествуваше на веб конференција со Стопанската комора на Истанбул, на тема: „Трговски и инвестициски можности со Република Северна Македонија“.

Во своето обраќање изрази уверување дека досегашната целокупна економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција го нема достигнато посакуваното ниво од двете држави и укажа дека постојат многу можности кои треба максимално да бидат искористени како на државно ниво, така и од страна на бизнис заедниците и компаниите.

Информираше дека Министерството за надворешни работи подготви нов концепт на економска дипломатија, со цел создавање на услови за искористување на економските потенцијали кои Република Северна Македонија ги има со другите држави.

„Креиравме нов концепт на делување на надворешно економски план, преку ‘tailor made’ пристап, се со цел унапредување на економските односи со другите земји со кои има потенцијал за привлекување на инвестиции, зголемување на трговската размена и привлекување на туристи. Концептот подразбира испраќање на економски советници токму во тие држави/региони“, истакна МНР Османи, нагласувајќи дека Република Турција, како важен економски партнер, е една од првите дестинации во која Министерство за надворешни работи ќе испрати економски советник.

На веб конференцијата презентација имаше и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски кој го претстави новиот концепт за привлекување на инвестиции и можностите за турските компании.

“Ја отвораме државата за сите инвеститори кои ќе донесат поголема додадена вредност, стабилни работни места и повисоки плати за нашите сограѓани. Со новиот концепт на привлекување инвестиции само во последниве 5 месеци успеавме да поттикнеме интерес кај над 30 компании меѓу кои и од Турција, со кои преговараме за инвестиции од над 425 милиони евра. Четири турски компании веќе инвестираат над 15 милиони евра кои треба да донесат над 200 работни места“, истакна Деспотовски, додавајќи дека она што не прави различни е новиот индивидуализиран пакет за државна помош, креиран врз анализа на инвестициски планови и профил на компанијата, како и новиот систем за грижа на корисници, таканаречен систем “на една влезна точка“ кој нуди поедноставен пристап до услугите за компаниите и персонализирана поддршка.

Со ваквиот сет инвестициски мерки креираме нова развојна економска политика и поволна бизнис клима во која ќе одиме напред со инвеститори кои растат заедно со државата”, порача Деспотовски.

Македонија Османи тѕрција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.