Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за одбрана и општина Карпош најтранспарентни

0
By НОВА ТВ Balaban on June 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Активната транспарентност на министерствата, Владата и на општините за 2021 година во однос на минатата година е подобрена за 5 процентни поени, односно од 58 % на 63 %, објави Центарот за граѓански комуникации во редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност.

За првпат откако се изработува индексот (од 2016 година), дури две институции добиле максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации. Станува збор за Министерството за одбрана, кое и лани беше на првото место, и Општина Карпош, која лани беше трета.

Како што се наведува во извештајот, министерствата и Владата просечно објавуваат 79 % од потребните информации, што е минимално подобрување од ланските 77 % активна транспарентност, додека општините, петта година по ред, имаат помала активна транспарентност од министерствата, објавувајќи 60 % од потребните информации, но во однос на лани бележат пораст од 5,5 процентни поени.

Рангирањето покажува дека меѓу регионите, и годинава на прво место е Источниот Регион (со 74 % активна транспарентност), додека на последно останува Скопскиот Регион (со 49 %).

Најмалку информации министерствата објавуваат за финансиите (само 60 % од можни 100%), а општините за прашањата од нивна надлежност (42 % од можни 100 %).

– На барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со исто прашање, општините одговорија во просек за 17 дена (лани за 24 дена), а министерствата одговорија за 16 дена (лани за 26 дена). 39 % од институциите одговорија подоцна од законскиот рок, прекршувајќи го законот, покажува извештајот.

Рангирањето е извршено во март 2021 година, а во него се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Министерството за одбрана општина Карпош транспарентни Центарот за граѓански комуникации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.