Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за здравство ќе го испитува случајот на Мери Стојаноска

0
By Менче Атанасова Точи on March 5, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство одлучи да го испита случајот на Мери Стојаноска која обвинува за нестручно изведена интервенција за време на нејзиното породување по што починало нејзиното бебе, а таа завршила со тешки компликации. Дали има основ да реагираат ќе оценат кога ќе ги добијат резултатите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за патологија.

„Со цел координирано постапување по претставки, Државниот санитарен и здравствен инспекторат излезе на терен да изврши увид и по добивање на резултатот од Институтот за патологија ќе биде доставен извештај. Во зависност од наодот и извештајот, ќе се оцени дали и како ќе се постапи понатаму, односно дали ќе има реакција од здравствениот систем,“ се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Од клиниката за детски болести за НОВА тврдат дека бебето било донесено четири часа по раѓањето во исклучително тешка состојба, без сопствено дишење.Лекарите од одделот за интензивна нега објаснуваат дека за целиот престој таму новороденчето било приклучено на машина за дишење, во многу тешка состојба, со невролошки напади и грчеви поради недостиг на кислород во телото.

„На 30 јануари по продлабочување на срцева и респираторна слабост бебето беше реанимирано повеќе пати, но последната реанимација не даде одговор по што почина“, соопштуваат на Клиниката за детски болести.

Лекарите кои се грижеле за него велат дека бебето починало од асфиксија перинаталис(недоволно снабдување со кислород на телото кое резултира со потешкотии во дишење), поставен е сомнеж за можна сепса , како и срцева инсуфициенција.


Сепак, конечниот одговор за причината на смртта ќе зависи од наодот на обдукцијата. Но, иако обдукцијата на Патологија е направена пред еден месец извештајот се уште не е готов.
Неофицијално, она што ги вознемирува и гинеколозите и педијатрите е сознанието дека кај се повеќе здрави новороденчиња лекарите интервенираат заради асфикција, односно недостаток на кислород при породување. Но, оваа информација не е официјално потврдена, нема прецизен податок дали се зголемува бројот на вакви бебиња, туку се се заснива на општ впечаток на педијатрите.

Некои од лекарите велат дека голем удел во целата работа имаат заострените критериуми на Министерството за здравство, односно одредбата која беше донесена минатата година со која царски рез се дозволува да се прави само ако има индикација за тоа. Дел од лекарите велат дека се случувало гинеколози да не направат добра проценка и по пат на нормално породување да интервенираат кај жени кои носат крупни бебиња, а и тие самите имаат голема тежина или пак, породувањето на било кој начин е отежнато. Но, никој од нив јавно не сака да коментира за ова.

Поради негативните реакции, Министерот Тодоров вчера се предомисли и ја повлече спорната одредба со која се забранува царски рез по избор на жената.

„Доколку жената инсистира на царски рез, таа нејзина желба ќе се почитува“, изјави на вчерашната прес конференција министерот Тодоров.


Но, случајот во болницата во Прилеп не е прв и единствен. Таму и минатата година почина родилка, а во годините наназад бремените жени го избегнуваат гинеколошкото одделение во оваа болница. Гинеколози кои работат таму ја објаснуваат состојбата во болницата и лошите услови за работа. Тие велат дека во болницата има само тројца гинеколози што е катастрофално лоша покриеност за повеќе од 100 000 жители на Прилеп, Крушево и околните села. Со години наназад петмина гинеколози доаѓаат од болницата во Битола, за да може да функционира одделението за гинекологија.

„Ние најчесто во Прилеп доаѓаме после дежурство од Битола и продолжуваме да дежураме, тоа се вкупно 48 часа непрекината работа. Проценете сами колкав е ризикот за да се направи грешка. Често пати укажуваме дека условите за работа не се добри, таму нема топла вода ниту греење, имаме проблем со светлата, со инструментите за работа“, изјави за НОВА Гоце Чакаревски, гинеколог од Битола.

Чакаревски објаснува дека проблемот е системски. Сепак појаснува дека во болницата во Прилеп постојат поинакви процедури при породување, се прави ЕКГ, се зема крв при што може да се изгуби скапоцено време, бебето да се заглави при излегување.

Објаснува дека во болницата нема парно и топла вода бидејќи сметката на болницата е блокирана поради големите долгови. Лекарите се жалат дека голем проблем е што државата дозволува малку специјализации, поради што постои опасност и Битола за 3-4 години да остане само со двајца гинеколози.

Прилепчанката Мери Стојаноска најавува дека ја тера работата до крај. Таа вели дека породувањето го извршила лекарка гинеколог од Клиничката болница во Битола. На Отпусната листа стои дека Стојаноска родила живо машко бебе тешко 4,200 грама и дека се испишува во општа добра состојба со напомена, да се јави на контрола по пет недели. Но, по четири дена бебето почина на детската клиника во Скопје. На Стојаноска пет дена по породувањето и била извршена уште една интервенција во приватна болница поради компликации бидејки и биле заборавени делови од плацента.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.