Пејачот на групата Д.Н.О, Владимир Поп-Христов- Мио, на својот ФБ профил напиша дека доколку биде осуден, ќе ја одлежи казната, но тој после тоа засекогаш заминува од Македонија, затоа што не го заслужува ниту него, ниту неговите деца.
-Си седам на плажа гледам у море, дишам морски воздух,пијам цеден џус од портокал, се шетам наоколу, а нити море ми се гледа, нити ми значи морскиот воздух, нити џусов има вкус.
Се чувствувам како еден од оние живи мртовци на филмот Пиратите од карибите. Ги пратив моите женски ангели дома да не гледаат како полицијата ме фаќа како бездушни ловци што фаќаат некакво прекрасно диво животно.
Е… светот збудален. Како дојде до ова? Како на филм кога работите ке се наместат најлошо што може. Не ја тепам жена ми,нити децата, немам неплатени сметки,сите кредити ги вратив уште Атула(бакалот) ми остана.
Цел живот ме учеа да бидам чесен, да не крадам, да не лажам, секогаш да бидам фин насмеан и воспитан, па така и јас ги учам моите деца. Ова подобро да е некоја космичка зае…нција, пошто не се совпаѓа со тоа што ме учеле.
Но, потоа ми светна, не е до мене! Јас со ништо не го предизвикав ова.
Решив. Ако државата, а државата ја прават луѓето, ме осуди мене и мојот болен брат за ова (трагикомично) дело, јас веднаш после завршувањето на казната продавам се, ама буквално се, во случај некое од моите деца да сака некогаш да се врати во татковината да нема каде да се врати и одам било каде, ќе праам еци пеци пец измеѓу Португалија, Швајцарија,Канада,Холандија,Австрија и…сигурно ќе ми текне уште некоја, ќе имам доста време да смислам.
Ако овој случај, ваков килав помине кај нашето судство значи дека мојата земја не ме заслужува,а најмалку ги заслужува моите деца.
Си одам.
ALEA JACTA EST или коцката е фрлена, пишува Владимир Поп-Христов- Мио, на својот ФБ профил.
Вчера Владимир Поп-Христов не и се предаде на македонската полиција иако тоа го најави преку социјалната мрежа Фејсбук, заради тоа што се предомислил, и покрај советите на адвокатите, како што објави НОВА.
НОВА од извори од семејството на Поп-Христови дека третиот брат, Александар, инаку познат уметник, го чекал на македонско-грчката граница својот брат Владимир, кој во последен момент се предомислил да се врати во Македонија и да се предаде на полицијата.
Портпаролот на МВР Иво Котевски за НОВА изјави дека кога кај нив ќе стигне судската одлука за распишување меѓународна потерница тие ќе го стават Владимир Поп-Христов на листата бегалци по кои трага МВР.
Кили и Мио барањата за да се бранат од слобода ќе ги основаат и врз база на докази дека марихуаната ја користеле за лична употреба а не за продажба на трети лица. Во моментов, Кили е во притвор за ширење на марихуана, додека неговиот брат Мио се гони за истото дело.




