Дивна Шиповиќ, сопругата на претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, на својот ФБ профил ја објави неговата новогодишната порака упатена до сите граѓани.
Еве што стои во пораката:
„Драги пријатели Ви ја честитам Новата година од ќелијата во која се наоѓам само поради извојуваната победа во Центар за СДСМ, мојата матична партија, и моето залагање како Претседавач на Советот да ги застапувам интересите на сите граѓани на општина Центар кои ни дадоа доверба да ги расчистиме матните работи кои се случуваа во општината во претходниот период!
Мојата борба скапо ме чини и мене и целата моја фамилија, но ќе истраеме во оваа борба бидејќи тоа е борба за слобода, правда и подобра иднина. Убеден сум дека многу скоро ваквите политички монтирани процеси ќе станат минато и сите граѓани на Република Македонија ќе можат без страв да зборуваат и ја критикуваат власта за таа да биде што подобра во функција на своите граѓани и граѓанки, без оглед на национална, верска, партиска и секаква друга припадност. СЛОБОДА И ПОДОБРА ИДНИНА ЗА СИТЕ“, порачал Шиповиќ.




