Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мирсада: Шокирана сум од изјавите во Санте Плус, дека не ме лекувале

0
By Менче Атанасова Точи on July 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 28, 2018 10:03

Револтирана од изјавата на двајцата лекари во Санте Плус , како и од менаџерката на болницата во Скопје, Весна Камилова кои пред инспекторите негирале дека ја оперирале и лекувале Мирсада Џуџевиќ Ќерими, таа им порача дека нема да се откаже од целта, за правдата да излезе на виделина.

„ Револтирана сум бидејќи мене таму ме знаат сите, од портир , хигиеничар, до лекар. Не можам да верувам дека можат да кажат такво нешто, еве уште еднаш ќе кажам мене таму ми е правена последната операција, др. Ирина Гаџовска ме оперираше, а асистираше др. Јегени. Шокирана сум од нивната изјава и не можам да верувам дека еден лекар може да го одрече тоа. Дури една медицинска сестра кога ме виде од кога раната ми зарасна, ми рече, Мирсада ти ли си тоа, а јас тебе те прежалив. Во толку тешка состојба бев.  Документите за кои тврдат дека се превод од Турција, тоа не е точно, се гледа дека се од тука од прегледите и интервенциите правени во Санте Плус во Скопје. Дојдов уште еднаш да ги замолам сите надлежни, да не потклекнуваат на вакви лаги, да се реши мојот случај и да не дозволуваме да има и други вакви случаи“, изјави за НОВА Мирсада Џуџевиќ Ќерими.

Заедно со неа во редакцијата на НОВА дојде и нејзината пријателка Мујесира Алим, како поддршка за да каже дека за цело време додека траело лекувањето во Санте Плус, цели три месеци доаѓала заедно со неа во болницата за да и помогне и била сведок на се што се случува.

„Цело време бев со неа на сите третмани, преврски, операција и се ова што тврдат е крајно непрофесионално. Не знам како издржа таа, одевме секојд ден на 40 степени по горештините во така теѓка состојба. Дури и јас сакав да се оперирам таму, преговрав со нив, но се предомислив кога видов што и на направија на Мирсада“, рече Мујасира Алим.

Мирсада ја повика Владата, Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен  инспекторат да се заложат за нејзиниот случај и да испитаат како функционира болницата Санте Плус.

НОВА, неофицијално дознава дека од Владата веќе се јавиле во ДСЗИ и инсистирале овој случај да биде решен што побргу. ДСЗИ велат дека ја комплетираат документацијата и работат на решавање на случајот.

“Сакам да го потсетам и др. Јегени кој рекол дека не се сеќава на мене, дека јас добро се сеќавам кога неговиот мобилен телефон постојано звонеше во опеационата сала. А, со мобилен во операцина сала не се влегува бидејќи е извор на бактерии. Морам да кажам и дека дента пред да објавите, а сте ја барале менаџерката Камилова, ми се јавија од болницата во Турција и ми понудија повторно да интервенираат кај мене, само случајот да не излезе во јавноста. Јас се разбира не прифатив ништо од тоа“, рече Мирсада Џуџевиќ Ќерими. ерниата

Откако НОВА ја објави сторијата за 41 годишната жена која живее во страв да не и излезат цревата по неколку неупешни операции од кила кои и биле направени во болницата Санте Плус во Турција и една во Санте Плус во Скопје, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат влегоа во болницата Санте Плус  во Скопје.

Од инспекторатот утврдиле дека Мирсада Џуџевиќ Ќерими воопшто не била евидентирана во дневникот на болницата,  а лекарите не признавале дека што тука ја лекувале пациентката, иако за тоа постојат документи. Кога инспекторите им ги покажале отпусните писма со датум, печат и потпис од др. Ирена Гаџовска,  од болницата рекле дека тие се превод од Турција.

По се што преживеала Мирсада, од кога зараснала раната, а хернијата(кила) се појавила повторно таа е постојано со појас, бидејќи како што тврди на нејзиниот стомак повеќе нема мускули и постои опасност да излезат цревата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.