Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

0
By Zoran Ivanov on March 24, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2026 09:50

Белешка за животот во паралелниот универзум под вмровското пропагандно небо

Џабир Дерала

Читајќи ги изјавите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и еврокомесарката за проширување Марта Кос по средбата во Брисел на 23 март, помислив – овие се сретнале во паралелни универзуми.

За што се работи? Ако не се сретнале во паралелни светови, тогаш мора да е во прашање нешто друго. Тоа што македонската јавност го доби од својот министер за надворешни работи е класичен пример за дипломатска дивергенција, односно ситуација во која соговорниците биле во иста просторија, но излегуваат од неа со различни пораки пред своите публики. Некои, малку поостри критичари (ако има такви) ова би го нарекле политичка асиметрија – случај кога две страни формално учествуваат во ист процес, но не играат со исти цели.

Колку се разликуваат изјавите на Кос и Муцунски? Целосно. Можете да ги споредите со поими од научно фантастичните филмови или да барате стручни термини од различни области – од медицината, дипломатијата или кочијашкиот занает.

Иако еврокомесарката Кос го нарече „отворен и конструктивен“ разговорот со шефот на македонската дипломатија, резултатот е само уште еден пример за примената на политичката асиметрија на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Брисел – уште еднаш, по којзнае кој пат – излезе јасна порака: Северна Македонија е добредојдена како партнер, но не и како исклучок. Марта Кос го повторува точно тоа што ЕУ го повторува сосема јасно и недвосмислено веќе со години. Централни во евроинтеграцискиот процес остануваат принципот на заслуги (merit-based), реформите и владеењето на правото, како и усогласувањето со Заедничката надворешна и безбедносна политика, особено поддршката за Украина. Не постои замена за исполнување на преземените обврски.

Долго време нема ништо ново во пораките од Брисел. И во пошироката дебата за проширувањето, Кос јавно инсистира дека нема кратенки, нема „тројански коњи“, и нема компромис со владеењето на правото, демократијата и усогласувањето со Заедничката надворешна и безбедносна стратегија на ЕУ.

„Земјите што се приклучуваат кон ЕУ мора да бидат силни и отпорни демократии способни да се спротивстават на токсичното влијание на Русија и другите“, рече Кос во на пленарната седница на Европскиот парламент на 10 март.

Истите пораки му се пренесени и на младиот гостин од Скопје.

Ете во што е суштината на дипломатската дивергенција или политичката асиметрија. Или, во суштина, животот во паралелниот универзум, под вмровското пропагандно небо. ЕУ зборува за процеси, геополитика и постепена интеграција. Власта зборува за достоинство и идентитет кои никој, не само што не ги оспорува, туку членството во ЕУ значи токму тоа – заштита и признание. Власта бара гаранции таму каде што треба да испорача резултати и зборува за билатерална неправда таму каде што се зборува за интеграција во големото европско семејство – најсилно и најбогато во светот.

Ајде уште еднаш да повториме, како за мали деца (не мислам на вас, драги читателки и читатели, туку на оние на Илинденска бб). Брисел вели: следете ги принципите, направете реформи и исполнете го она што е договорено. Скопје вели: ние сме посветени на европскиот пат, но жртва сме на диктат и неправди, бараме гаранции.

Значи, нема напредок. Само пристојна форма на застој. И ништо друго. ЕУ го брани процесот, Христијан Мицкоски дома го брани наративот кој води кон изолација и нема врска со ЕУ интеграција. Муцунски само ја исполни задачата од својот шеф – посета на Брисел за домашна употреба.

Не знам колку Мицкоски и неговиот помлад колега во владата се свесни дека ретко кој им верува дека сакаат да ја внесат земјата во ЕУ. Од друга, касата на ЕУ им е важна, па климаат со глава во Брисел, а дома качуваат на политичкиот Букефал и мавтаат со сабјата на „суверенистичкиот“ наратив.

Марта Кос вели дека е задоволна од 100-процентната усогласеност на македонската политика со ставот на ЕУ кон Украина, но затоа во домашната комуникација на власта целосно исчезнува Украина. Наместо тоа, остануваат „гаранциите“ и Бугарија.

Сепак, да бидеме на чисто – тоа е политички разбирливо. Мицкоски и компанија се влезени во игра од која не можат да излезат, дури и да сакаат. Затоа ја сведува европската перспектива на спор со Софија, а за држава со функционални институции, независно судство и отпорност на авторитарни и малигни влијанија – не можеме веќе ни да сонуваме, тоа го нема на агендата на тројната коалиција на власт.

Погледнете го Извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ од 5 февруари 2026. Таму се нагласува дека проширувањето е геостратешка алатка, а средствата од претпристапната помош и напредокот мора да бидат врзани за владеење на правото, реформи и отпорност кон странското малигно влијание – читај руска хибридна војна и солидарност со Украина. (European Parliament)

И тука доаѓа најнепријатната вистина. Северна Македонија е пофалена како лојален партнер. Но вистината е дека е проблематична земја кандидат, па така е и третирана. Притоа, никој во земјава не спомнува дека официјална Софија повеќепати соопшти дека нема нови услови, туку само веќе договорени обврски во „европската рамка“ од јули 2022.

Наречете го дипломатски како сакате однесувањето на власта по прашање на ЕУ интеграцијата, ама јас тоа го нарекувам малку поедноставно: голема лага. Толку. Што би рекол Дони – Thank you for your attention to this matter!

 

ПС. ЕУ не е цвеќе за мирисање. Ни оддалеку. Но за тоа, во некоја наредна прилика. Во меѓувреме: живејте! Гордо!

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

колумна Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.