Од 27 октомври до 5 ноември мисија на ММФ предводена од Ивана Владкова Холар ќе престојува во Македонија.
Тимот на ММФ ќе разговора за Пост-програм мониторинг на македонската економија со цел изготвување извештај што ќе биде поднесен до Бордот на директори на ММФ.
Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки коишто имаат преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.