Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мисијата на ММФ: Властите да намалат со трошењето јавните пари

0
By Нова ТВ on July 9, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд оцени дека зголемените трошења од буџетот од почетокот на годината за плати за полициските сили и дополнителните расходи произлезени од влошената безбедносна ситуација од една страна, и послабата наплата на ДДВ и неданочните приходи од друга, ќе го зголемат дефицитот на од 3,4 отсто на околу 4 отсто од домашниот бруто производ (БДП).

„Ребалансот на буџетот кој моментално се разгледува треба да ги идентификува мерките за надоместување, вклучувајќи и намалување на трошоците за стоки и услуги и субвенции, како и собирање на заостанатите даноци, а сите приходи поголеми од планираните треба да се зачуваат за да се обезбеди фискален резултат што во голема мерка ќе биде во согласност со првичниот буџет“, оценува ММФ по еднонеделното скенирање на економијата во земјава.

ММФ препорача власта да намали со темпото на трошење на јавните пари во наредниот период за да обезбеди намалување на дефицитот во буџетот под 3 отсто од БДП.

„Во отсуство на какви било промени во даночните стапки, консолидацијата ќе бара зголемување на ефикасноста во наплата на ДДВ, што е ниска според регионалните стандарди, и намалување на социјалните трошоци и трансфери врз основа на темелна проценка на јавните расходи“, стои во препораката.

Според ММФ, економијата во земјава е под притисок на политичката криза и кризата во Грција, и затоа ќе забави нејзиниот раст.

Проценката е дека економијата годинава ќе оствари раст од 3,2 отсто, кој пак има основа во инвестициите во јавната инфраструктура, силниот раст на кредитите, подобрувањето на пазарот на работна сила и извозот.

„Властите треба да прават континуирани напори за обезбедување полесен пристап до кредити за приватниот сектор, скратување на задоцнувањето на наплатата, вклучувајќи ја и наплатата од јавниот сектор, повеќе предвидлива законска и регулаторна рамка, како и понатамошното поедноставување на улогата на бројни инспекциски тела“, потенцира ММФ.

Сепак добри оценки од ММФ доби монетарната власт и финансискиот сектор кој е оценет како здрав. Банките, вклучувајќи ги и двете грчки подружници, се добро капитализирани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.