Претседателката на Дипломатскиот совет на СДСМ, Илинка Митрева денеска се сретна и разговараше со Валтер Колбоу,советник за надворешна политика на СДП Германија, поранешен член на Бундестагот и државен секретар во германското министерство за одбрана во владата на Герхард Шредер.
На средбата се разговараше за надворешно политичките приоритети на РМ, билатералните односи со Германија, како и новата програма на СДСМ.
Дипломатскиот совет на СДСМ побара од Колбоу и Социјалдемократската партија на Германија помош околу спорот со Грција и признавање на Македонија.
Таа во својата изјава за медиумите побара Владата да биде реална и ја понуди раката за соработка. Сепак, однесувањето меѓу владините партнери, Груевски и Ахмети го оцени како фарса, која може да стане трагедија, доколку премиерот не престане да ги крие своите ставови зад штурите партиски соопштенија.




