Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митрополит Методиј на средби со конгресмените Милер и Паскре

0
By Нова ТВ on April 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 12, 2013 08:45

Митрополит Методиј од Американско-канадската патријаршија на Македонската православна црква вчера во Вашингтон имаше средби со конгресмените Кендис Милер од Мичиген и Бил Паскрел од Њу Џерси.

– Конгресмените Милер и Паскрел се големи пријатели на Македонската православна црква и ми беше чест во име на сите македонски верници во САД повторно да се сретнам со нив и да им ја пренесам нашата благодарност за нивната безусловна поддршка на Македонија, изјави митрополитот Методиј по средбите. Конгресмените претставуваат изборни единици со голем број Македонци и се членови на групата за соработка со Македонија во американскиот Конгрес.

На средбата, како што јави дописникот на МИА, митрополитот со конгресмените разговарал за плановите за формирање на нови црковни заедници во САД, во Бостон, Сан Диего и во Вашингтон. Митрополит Методиј со Милер и Паскрел разговарал и за програмите на МПЦ за учење на македонскиот јазик и за веронаука.

Методиј ги покани конгресмените Кендис Милер и Бил Паскрел да ја посетат македонската црква „Свети Петар и Павле“ во Краун Поинт во Индијана, која каде годинава се навршуваат 50 години од изградбата и осветувањето на овој прв македонски храм во дијаспората.

Митрополит Методиј е во Вашингтон за лидерската конференција на Обединетата македонска дијаспора, која почнува денес. Предвидено е учесниците на конференцијата, меѓу кои има претставници на македонските здруженија низ САД и истакнати Македонци од САД и од Канада, да имаат средби со поголем број на американски политичари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.