Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митрополит пловдивски Николај: МПЦ треба да добие афтокефалност од Српската црква

0
By Sashko on March 5, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: plovdiv-press.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 5, 2022 15:31

Според древното канонско правило, Македонската православа црква (МПЦ) има право на афтокефалност и Српската црква тоа треба да го допушти, смета митрополитот пловдивски Николај.

Тоа право, според еден од највлијателните митрополити на Бугарската православна црква, го има и црквата во Украина.

Во пресрет на Великиот пост, кој започнува в понеделник, митрополитот Николај повика на смирение, скротување и смирение на страстите и луѓето. Во деновите на постот луѓето мора да се молат Господ да им даде сила и да ја прекине војната во Украина и да побараат прошка, бидејќи нема друг пат.

Митрополитот пловдивски Николај рече дека пред многу години во Украинската епархија на Руската православна црква започнала желбата за одвојување како автокефална. Тој потсетува дека постои древно канонско правило според кое црквите ги следат административните територијални поделби и државните граници и при создавањето на нова територијална и државна единица имаат право на своја автокефална црковна организација, јави дописникот на МИА од Софија.

Митрополитот Николај потсети дека така се основани Бугарската црква, Српската и Романската црква и самата Руска православна црква, која се одвои со благослов на Мајката Црква – Цариградската патријаршија, кога беа создадени соодветните современи држави.

Според него, сега се очекува Српската црква да ѝ додели автокефалност на Македонската црква, додавајќи дека црквата во Украина очекувала да добие автокефалност од Московската патријаршија, која не требало да ја одбие. Поради недоразбирањето со Московската патријаршија, Цариградската патријаршија, која е мајка на сите помесни православни цркви, ја призна Православната црква на Украина.

Тензии, вели пловдивскиот митрополит, предизвика и прогласената руска егзархија во Африка, во диоцезата на Александриската патријаршија. Неколку месеци по овие последни настани, започнува војната меѓу Русија и Украина, и Русија тргна да одвои дел од Украина, вели митрополитот Николај и прашува дали се гледа врската што тој ја забележал? Очигледно чашата се прелеа. Митрополит Николај во своето слово праша до каде и до што може да доведе ставањето на Црквата во функција на целите на световните владетели, што според него е уште еден огромен грев.

„Православната црква е одговорна само пред Христа и не може да му служи на ниту еден секуларен владетел и да стане инструмент за постигнување политички и геополитички цели, ниту пак да проповеда друга вистина. Оние кои заборавиле, за жал, плаќаат и ќе плаќаат жестока цена додека не се сетат на тоа“, рече митрополитот пловдивски Николај, додавајќи дека овој принцип функционира неумоливо и непоколебливо.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.