Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицева Величкоска, психијатар: Без страв, вознемиреност и паника во услови на Ковид-19

0
By Нова ТВ on March 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 26, 2020 11:00

Пишува: Научен соработник д-р Елизабет Мицева Величкоска

Изминатиот период во медиумите, на социјалните мрежи, но и во домовите на секој од нас актуени и доминантно присутни се темите поврзани со ново настанатата состојба и психолошките реакции кои произлегувааат од неа. Страв, анкисозност и паника се најчесто слушаните  термини кои кружат меѓу граѓаните, но истите не секогаш се адекватно интерпретирани односно адекватно употребувани.

Истото доведува до тоа лицата со постоечки психички потешкотии и симптоми да бидат доведени во ситуација на стигматизација која ги обесхрабрува да побараат соодветна помош во дадената ситуација. Актуелните психолошки реакции кои слободно можам да речам дека се присутни кај секој од нас поединечно, претставуваат сосема нормални реакции во ненормална стресна или кризна состојба и ситуација.

Имено, непходен услов за да дојде до манифестација на одредени психички тегоби е постоење на стресен настан кој може да биде од било каква природа: Губиток на блиски, природни катастрофи, егзистенцијална загрозеност ( загрозеност на здравјето, финансиска загрозеност) и слично. Но прашањето е – дали секој од нас подеднакво ќе изреагира во дадената стресна ситуација? Секако дека не.

Индивидуалната реакција на стресорот е условена од претходни искуства со стресни настани, значењето на самиот стресен настан за личноста, богатството на механизми за одбрана и справување. Значи, некој ќе манифестира преголема загриженост или преокупираност со негативни размислувања за негативен излез од ситуацијата, катастрофални исчекувања, други пак ќе манифестираат анскиозност или состојба на вознемиреност која речиси секогаш е пропратена и со телесни симптоми, како потење, срцебиење, тресење на телото. Неретко кај некои можат да се јават и настапи на паника (страв од губиток на контрола) кои се екстремот на акумулираната анксиозност.

И покрај тоа што во основа на овие негативни емоционални доживувања е мобилизирање на личноста, односно што подакеватно превземање на дадени препораки и соодветни мерки како и прилагодување на новонастанатата ситуација, постојат случаи каде што истите тие емоции ќе ја надвладеат можноста за рационална, разумна обработка на ситуацијата кога поединецот станува дисфункционален, несоодветно размислува и се однесува во ситуацијата.

Во контекст на изнесеното, пристуството на негативни емоционални доживувања на загриженост, страв, анксиозност, особено во подолг временски период неповолно влијаат не само врз психичкото функционирање на поединецот, туку и врз севкупното на соматско здравје.

Имено, познато е дека во појавата на многу соматски состојби и заболувања лежи и психолошката компонента. За кои соматски состојби и заболувања станува збор?

Тука би ги спомнала таканаречените психосоматски заболувања (шеќерната болест, болсет на висиок крвен притисок, астма, проблеми со органите за варење, повеќе кожни заболувања и.т.н.). Доколку кај лица со дијагностицирана болест од овој тип не се делува навремено (во смисла на рано препознавање на негативните емоционални состојби во услови на актуелна стресна состојба), голем е ризикот да дојде до влошување на основното соматско страдање и покрај редовната терапија која е препишана за третман на истата.

Од таму и  апелот до сите лица кај кои во дадената ситуација евентуално настапило или пак во иднина настапи влошување, да навремено побараат психолошка помош и подршка од средината, односно тимот на стручни лица на Клиниката за психијатрија преку телефоните објавени за јавноста. И тоа што порано, тоа подобро. Навремената, и рана психолошка интервенција во првите денови и недели е од огромно значење не само за ублажување на тегобите од психолошка природа туку и за превенција од широка палета на  посериозни психолошки последици.

И за на крај уште еден апел за сите оие кои имаат потреба од совет, подршка, помош без колебање или пак страв од тоа дека ќе бидат стигматизирани да се свртат кон средината и  тимот на стручни лица (психолози, психијатри) на Клиниката за психијатрија преку телефоните објавени во јавноста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.