Тито Беличанец: „И јас сакам да ги продолжиме преговорите за влез во ЕУ. И јас сакам на етничките Македонци во Грција и Бугарија да им се признаат правата според Копенхагеншките и другите меѓународни критериуми. Ама јас сум само граѓанин на Македонија и можам овие барања јавно да ги поставувам и да не дојдам во судир со член 49 став од Уставот. Но Мицковски, не е обичен граѓанин туку Претседател на Владата и има обврска од членот 49, ставот 1 да се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји. Но кога ултимативно изјавува дека нема да ги внесе Бугарите во преамбулата се додека Бугарија во парламентарната комисија на Собранието на Бугарија за малцинствата нема да биде член и етнички Македонец, тој, при тоа, де факто и де јуре, постапува директно спротивно на ставот 2 од членот 49 од Уставот според кој „Републиката … нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“. Ваквото ултимативнато барање упатено кон Бугарија и ЕУ беше со водушевување и ракопласкање прифатено од пратениците на ВМРО ДПМНЕ во Собранието. Но, условите и критериумите за влез во ЕУ ги поставува ЕУ кај која сме поднеле молба за прием. Но оваа и други негови популистички изјави, ги влошува и онака влошените односи со Бугарија и не одалечува од ЕУ. Па, објективно се поставува прашањето дали Мицковски и неговото ВМРО-ДПМНЕ и покрај укажувањата на сите преставници на ЕУ за исполнување на преговарачката рамка се залага за влез во ЕУ или имаат друг план.
Извор: Фејсбук