Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: На овие избори не бирате само градоначалник, туку по каква патека ќе се движи Македонија во следниот период

0
By НОВА ТВ Balaban on October 2, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова не се обични избори, не се само избори за градоначалници, за советници во општинските совети.  Вие ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата. Вие ќе одлучувате дали ќе продолжи по оваа погрешна на Заев, полна со корупција, криминал, предавства или ќе избереме патека на иднината предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде патека на реформи, визија, стратегија, иднина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Тетово.

– Ова не се обични избори, не се само избори за градоначалници, за советници во општинските совети.  Вие ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата. Вие ќе одлучувате дали ќе продолжи по оваа погрешна на Заев, полна со корупција, криминал, предавства или ќе избереме патека на иднината предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде патека на реформи, визија, стратегија, иднина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Тетово. Не велам дека чуда може да се случат веднаш по изборите, но по овие избори следи нова влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се трасира патот по кој ќе се движи нашата татковина, рече Мицкоски.

На вечерашниот митинг во Гостивар тој рече:

– Додека тие ѕидаат палати и возат мајбах мерцедеси, ролс ројсеви, народот гладува со по 150 денари на ден. Прашање е како да го поминат од први до први месецот, Бев во Ресен и таму имаше и Македонци и Албанци јаболкопроизводители кои родот го мерат со цената на чинење на новото патничко возило на Зоран Заев, најнова марка БМВ-то чини колку 3 милиони килограми ресенско јаболко, зошто два денари е килограм ресенско јаболко. И тука нема, цената е иста и за Македонeцот и за Албанецот. Бев и се сретнав со оризопроизводителите, и тутунарите. Земјоделците велат трудот никогаш не чинел помалку, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на вечерашниот митинг во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар ќе се тркаат само со советничка листа, која ја предводи Гоце Димовски.

Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница на митингот вети подобрување на локалните услови за водење бизнис.

„,Време е Брвеница да стане подобро место за живеење. Да се биде кандидат за градоначалник од тимот на идниот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски ми претставува чест и задоволство, но пред се обврска, должност и голема одговорност во борбата која ни претстои: Борба за достоинствена, напредна и просперитетна Брвеница“, рече Илиевски.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ на митингот во Маврово-Ростуше рече „сега е моментот да ги поразиме, бидејќи ништо не направија откако се на власт, да ги поразиме за да донесеме нова иднина за Маврово – Ростуше“.

– Ве убедувам дека докторот Мевмед Џафери ќе биде градоначалник, ве убедувам дека ќе имаме советничка листа која ќе има најмногу гласови и заедно ќе работат со градоначалникот за граѓаните. Само така со работата може да ги поразиме, да им кажеме дека им биле лоши политиките во здравството, во образованието, треба да ги поразиме за нереализираните инфраструктурни проекти, за криминалот, за корупцијата, со тоа ќе им подариме на нашите деца иднина каква што заслужуваат, рече Сајкоски.

Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Маврово Ростуше, рече:

„Ние не се срамиме од своите корени, ние не градиме куќи без темели. Ние не одиме во иднината погазувајќи го минатото. Ние сме ВМРО-ДПМНЕ и сме горди на богатото и славно минато на нашите предци. Ние сме Македонци од Република Македонија, и горди сме на нејзината историја, онаа која денес не потсетува и не обврзува на делата на Ѓорѓија Пулевски, Александар Сариевски, Нијази Лимановски, Русе Бошкоски, Кочо и Гале Фиданоски, Јован Кукузел, Јатиф Пајкоски, Елисје Поповски, Дарко Дамјановски и уште многу имиња кои веќе се или ќе бидат запишани со златни букви во историјата на овој крај, и секако во историјата на Македонија“, рече Стојаноска.

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник на општина Јегуновце на денешниот митинг рече дека тој е неуморен земјоделец, млекопроизводител и административен службеник.

„Немам скапа кола, ниту бизниси како мојот противкандидат. Но имам срце големо како неговиот џип и раце раширени, кои ќе ги решаваат проблемите на жителите на Јегуновце колку целиот негов имот“, кажа Костадиноски.

Тој вети oтворање на нова индустриска зона, нови работни места за граѓаните, a Јегуновце да стане функционална општина.

 

 

 

Брвеница ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Јегуновце Маврово-Ростуше предизборни обраќања Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.