Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски на работен ручек со Орбан: Членките на ЕУ да им подадат рака на земјите аспиранти

0
By Нова ТВ on January 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта денеска имаа средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. На средбата Мицкоски зборувал за блокираните европски интеграции и побарал помош од Унгарија и севкупна поддршка за земјава.

Како што соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата со унгарскиот премиер Орбан беа констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.

Мицкоски, како што се наведува, се осврнал и на блокираните европски интеграции кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побарал поддршка од Унгарија за одблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.

-Премногу долго државата е заробена во недостаток на реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската влада има огромен застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања, и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите
нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ, рекол Мицкоски на средбата.

Соговорниците, како што се наведува, размениле мислења и за економската и здравствената состојба, како и предизвиците кои произлегуваат од КОВИД 19 пандемијата.

– Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостасува конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекуваат од владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за
одреден период од сега. За огромна жал Македонија е меѓу земјите со најголем број на починати споредено со бројот на жители поради КОВИД 19 пандемијата. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со било кој свој расположлив потенцијал, истакнал Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, станало збор за стратешките приорити врзани со членството на државата во Европската Унија.

Како што се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побарал од Сијарто поддршка и вклучување во одблокирање на пристапиот процес.

Мицкоски посочил дека државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјава кон патот на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.