Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Оставката на Рашковски требаше да се случи многу порано

0
By Нова ТВ on April 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 14, 2021 15:23

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека оставката на владиниот функционер Драги Рашковски, иако е прв морален чин, таа требала да се случи многу порано.

-Оставка треба да си поднесе целата Влада, не само Рашковски. Тој одамна треба да биде таму каде што припаѓа, а тоа е во затвор. Не може службеник со плата од неколку стотици евра или професор на факултет да поседува и да гради хациенда со по илјадници метри квадратни, да летува и да дезертира во ек на пандемија и да ни кажува дека таму биле евтини аранжманите, да се вози со нови џипови од 70000 евра, според информации во медиумите. Ако сето ова се потврди дека е точно, ова е уште еден срам и блам на оваа Влада, рече Мицкоски.

Рече дека иако оставката на Рашковски требала да се случи многу порано, ова треба да продолжи во континуитет и со Владата, изразувајќи жалење што, според него, вакви луѓе како се негови колеги од Универзитетот.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ може да излезе со докази и информации дека директно посочените од страна на партијата, Заев и Спасовски, биле запознаени со аферата за пасошите, Мицкоски рече дека никој не би поверувал дека обичен службеник или тој што зема отпечаток од прст е носител на ваква афера.

–Седат Пекер беше во Македонија повеќе од три месеци. Не е можно да не знаеле официјалните лица во Владата кога тој шеташе со коалициските партнери на Зоран Заев, со пратеници итн. Прашајте ги во Владата дали ги поништија овие патни исправи, дали уште се важечки тие пасоши, вели Мицкоски.

На прашањето дали стравува дека може да биде отворена постапка по обвинувањата на Владата дека ја саботирал акцијата за пасошите, вели „нека прават тоа што мислат дека прават јас ќе продолжам да се борам против криминалците во Владата што ги предводи Зоран Заев и Оливер Спасовски“.

-Јас ќе продлжам да ги откривам нивните афери, а тие нека прават тоа што мислат да го прават, рече тој.

Во однос на тоа дека добивал закани по животот, по откривањето на аферата за пасошите, и дали знае од кого, вели дека доколку знае кои се лицата „,многу полесно би било да се справам со тие кукавици кои се закануваат бидејќи тие се анонимни“.

На прашањето дали пријавил, Мицкоски рече дека нема намера да пријавува.-Каде да пријавам, таму каде што тие ме оставија без обезбедување под изговор  дека мојот живот не е под опасност. И да ми доделат, нема да го прифатам тоа обезбедување. Кај овие луѓе немам намера ништо да барам ниту да пријавувам, истакна тој.

Во однос на за владиниот предлог за лекувањето на ковид пациенти во приватните болници, Мицкоски рече дека тоа требало да се случи многу порано, уште во почетокот на пандемијата, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи и да се рефундираат трошоците и на пациентите кои досега ги направиле лекувајќи се во приватните болници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.