Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски:Размислуваме за продажба или изнајмување на партиската зграда

0
By Нова ТВ on October 26, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МКД.мк (Роберт Атанасовски)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 26, 2018 18:21

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МКД.мк вели дека во контекст на рационализација на трошоците во партијата размуслуваат и за продажба на зградата, во јавноста позната и како Бела палата.

– Размислуваме за рационализација на трошоците во партијата. Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или би го изнајмувале доколку има соодветна понуда. Сега правиме еден вид на скенирање на пазарот, па ќе видиме, вели Мицкоски во интервјуто за порталот.

На прашањето дали по исклучувањето на Сашо Мијалков од партијата, прекинатите комуникации со Никола Груевски, дали ова симболично значи и некакво раскрстување со начинот на делување на поранешното партиско раководство, Мицкоски потврдува дека „може да има и некаква симболика во сето тоа“.

Мицкоски вели дека со Груевски немал никаков контакт веќе подолго време, но по денешната информација за негово упатување на издржување на затворска казна, вели дека сака да се види со него, „да поразговарам и да видиме како може да помогнеме против овој политички прогон што се случува“.

За тоа како ќе дејствуваат во врска со уставните измени, Мицкоски најавува дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде гласен критичар на власта“.

-Немаме намера да отстапиме, или да влегуваме во нивните стапици на разно-разни комисии за некакво лажно помирување додека невини луѓе гнијат по затворите и се водат десетици судски процеси или истраги против стотици други. Едноставно, сега најдоа пратеници кои не издржаа, па им текна на помирување. Не оди тоа така, и ако се надеваат на селективна правда, таква неправда ние нема да поддржиме….Што се однесува до партискиот живот и динамика ВМРО-ДПМНЕ врши комуникации со големи општествени групи и поединци и ќе се посветиме на окрупнување на линијата против ова заедничко зло претставено од владата предводена од СДСМ, вели Мицкоски за МКД.мк и најавува дека наредната недела планираат воспоставување на советот на Извршниот комитет на партијата кој ќе биде составен во голема мера од нови ликови, професионалци од различни области, професори, доктори на науки, аналитичари и експерти кои, како што вели ќе ги скенираат сите проблеми и области и ќе нудат решенија на ИК на партијата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.