Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција го повика премиерот Димитар Ковачевски на дебата во врска со предлогот на опозициската партија за надминување на енергетската и на топлинска криза.

Мицкоски рече Ковачевски да го одбере местото и часот за дебата, а потоа на новинарско прашање одговори дека, исто така, бара и средба со Владата.

За стабилноста на парламентарното мнозинство рече дека се кажуваат многу лаги, но оти ВМРО-ДПМНЕ работи на одржување на предвремени парламентарни избори.