Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи нови отстапки со Бугарија

0
By Biljana on May 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако оптимизмот на Пендаровски се должи на дополнителни национални отстапки со Бугарија, ги предупредувам и него и Заев дека ВМРО-ДПМНЕ таква работа нема да поддржи и веднаш по формирањето на новата влада тој договор ќе биде напуштен, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан во Охрди кој го организира партијата заедно со фондацијата Конрад Аденауер.

Мицкоски вели дека очекува кога Пендаровски ќе се врати од Рим, во духот на добрите односи да го повика и информира што се разговарало со Радев и на што се должи оптимизмот.

„Ако оптимизмот се должи на дополнителни национални отстапки, тогаш мојата порака и до Пендаровски и до Заев и до останатите политичари е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и да не им паѓа на памет ниту една реченица која може да биде сфатена двосмислено, а која ќе значи национални отстапки и национални концесии за македонскиот народ и Македонија. ВМРО-ДПМНЕ, таквиот договор нема да го поддржува и веднаш по формирањето на новата влада таков договор нема намера да почитува. Ги предупредувам политичарите кои преговараат за дополнителни отстапки на грбот на македонскиот народ и држава ние немаме намера да ги поддржиме и по промена на власт таквиот договор ќе биде напуштен“, рече Мицкоски.

Во однос на изјавите дека односите помеѓу двете држави се тензични, Мицкоски прашува од каде е тоа, кога Заев постојано вели дека тие се релаксирани.

„Не го разбирам потегот на водството на претходната бугарска влада да ја блокира Македонија, притоа поставувајќи услови кои во најголем дел се однесуваат на 19 век и немаат никаква врска со европските вредности и со иднината на двете држави, на Македонија и Бугарија.  Никогаш не можев да помислам дека некој некого може да блокира поради прашања кои се од 19 век, а ние се бориме за 21 век. Еве денеска и утре ќе зборуваме за дигитализација, за животна средина, за вештачка интелигенција, за роботика. Јас навистина сум шокиран од тоа што и се случува на Македонија и тоа од соседот кој треба да е наш најголем поддржувач“, истакна Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.