НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Во моментов најдоброто решение за Македонија се брзи предвремени парламентарни избори

0
By Mirjana on November 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неспорен факт е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводевме на локалните избори е апсолутен победник.

Победивме во 42 општини, плус градот Скопје, ако се има во предвид дека во Маврово Ростуше водевме, но таму не успеаја изборите поради цензусот, тогаш се 43 општини плус градот Скопје. Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови, доколку се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика.

Надежта за нова иднина е родена и тоа нам ни дава енергија да продолжиме со промените позади кои застанаа огромно мнозинство на граѓани.

Статистиката која ја прочитав не е со цел да покажам некаква доминација, туку истото го разбирам како огромна обврска да не ги изневериме граѓаните, но и да продолжиме по нашиот пат на промени.

Освен што е наша обврска тоа е и јасна порака до сите нас, до целокупното општество за новата реалност која што се случува. А, таа е дека владата е целосно делегитимирана и нејзините политики го немаат повеќе кредибилитетот помеѓу народот. Меѓу другото, скептиците кои нема да се согласат со овој факт, ги демантираат бројките кои погоре ги споменав, затоа што тоа е волјата на народот.

Јасно дека Зоран Заев дури и да си поднесе оставка, министрите ќе продолжат да го преставуваат неговиот корумпиран систем кој на овие избори доживеа на два пати неуспех, два пати беше поразен. Дури и Зоран Заев да си оди, но владата да остане, Венко Филипче и понатаму ќе биде неуспешен министер кој што е рекордер по бројот на луѓе кои што ја изгубија битката со КОВИД пандемијата, Љупче Николовски и понатаму ќе биде нефункционален министер, а Македонија најкриминална и најкорумпирана држава во Европа, Мила Царовска и понатаму ќе продолжи да го уништува образованието, а Македонија ќе нема ниту еден универзитет во првите 2.000 според Шангајската лист, и така натаму, можам да ги редам сите неуспеси и сите неуспешни министри во оваа криминална влада која што до скоро ја предводеше и се уште Зоран Заев. На крајот и самиот Зоран Заев ја стави во влог неговата кариера, а самите локални избори се доживеаја како референдум за актуелната влада, и народот жестоко ги казни. Се ставам на страната на народот и неговите интереси.

Оттука прашањето кое легитимно се поставува е дали ќе има ново парламентарно мнозинство и без избори да се формира нова влада, или пак нови избори за влада со нов кредибилитет која ќе одговара на фактичната реалност.

Пред да дадам одговор на овие две прашања, ново мнозинство или избори, потребно е да се има во предвид дека Македонија ја очекуваат кризни времиња каде стабилизирањето на институциите е од клучно значење.

Многу е загрижувачка состојбата во енергетиката. Ни следува ценовен енергетски шок, каде прашањето не е дали, туку колку ќе поскапи цената на струјата? Поскапувањето на цената на струјата ќе значи и ценовен шок кој ќе се прелее и врз останатите производи, а сето ова ќе значи зголемена инфлација, намален стандард и зголемена сиромаштија. Покрај тоа морам да предупредам дека се можни и рестрикции на струјата. Како дојдовме до сето ова? Предупредував уште пред неколку месеци дека начинот со кој што се управува со енергетските ресурси во Македонија неминовно ќе дојде до ваков крах и ситуација која што денеска кулминира како што можев да видам со кризна состојба, енергетска кризна состојба. А, тоа е така поради лошото управување на РЕК, трчањето по тендери, трчањето по тендери ради криминал, а денеска таквото однесување резултира недоволно количество на јаглен за производство на струја, акумулации и хидро потенцијал кој што е еднаков на нула, а на крај гледаме дека владата нема никаков посериозен план да се справи со сето ова.

Понатаму очекувам засилување на последиците од КОВИД вирусот. Се покажа и докажа дека институциите се неефикасни во справувањето со кризата, а воедно има целосно потфрлање во менаџирањето на процесите во тој план. Ова го потврдуваат како што кажав за жал повеќе од 7 илјади починати и фактот што земјава руши неславни рекорди на тој план.

Од друга страна пак интеграциите кон Европската Унија се во целосен застој. Дури и да се добие датум за преговори за што ВМРО-ДПМНЕ целосно се залага, потребни се коренити реформи кои ќе ги спроведуваат институции со слаб квалитет и без кредибилитет, како што е сегашната фактичка состојба.

Воедно економијата влегува во сериозни и нестабилни води. Индустриското производство во септември месец падна за 8 проценти, споредено со септември месец минатата година. Бројот на вработени во индустријата се намали за повеќе од два проценти во септември месец споредено со септември месец 2020-тата година.Или пластично кажано од лошо полошо.

Ова се најмалку 4 причини кои говорат дека де потребни се крупни одлуки кои мора да се носат во овој период.

Народот јасно кажа дека не верува во тоа дека оваа влада може да се справи со овие последици, со тоа не само што легитимитетот е доведен во прашање туку и под прашање е мотивацијата на оваа влада да се справи со овие проблеми.

Затоа сметам дека првата опција формирање на ново парламентарно мнозинство нема да даде нова енергија потребна за реформите, новата иднина која ќе ја градиме и решавање на овие наталожени проблеми, тоа само ќе не внесе во нови разговори, преговори, понуди и слично, кои ќе го разводенат капацитетот за управување на институциите и ќе се креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите кои што туку завршија.

Затоа почитувани сограѓани, во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која ова корумпирана влада ја втурна.

Брзи избори за кои нема да има алтернатива, затоа што потребна е стабилна влада и надминување на кризите со кои ќе се соочиме.

Изборите се светлото од крајот на тунелот и патот до промените кои само тогаш ќе бидат целосни.

Брзите избори ќе треба да обезбедат влада која ќе спроведува политики кои ќе решаваат проблеми и ќе ја донесат новата иднина во која веруваме и за која се бориме.

Воедно нова влада треба да ги релаксира и односите во општеството. Да се стави крај на поделбите и конфликтите, на омразата посеана која што е во функција на заштита на криминалот. Да се донесе правда и сигурност кај граѓаните. Да зачекориме во подобри времиња и иднина каква што секој еден граѓанин заслужува.

Во име на народот кој ни даде поддршка, а со цел успешно справување со кризните времиња и заштита на интересите на народот барам веднаш брзи предвремени парламентарни избори. Ајде на избори заедно уште еднаш да се избориме за иднината во која веруваме, за промените кои мора да бидат целосни. Со чист образ за енергијата која и потребна за обнова на Македонија во која веруваме.

Заеднички се бориме, заеднички заедно со народот ќе успееме.

брзи предвремени парламентарни избори Мицкоски прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.