Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски за Протоколот: Дипломатски нокаут и капитулација

0
By Соња Крамарска on July 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дипломатски нокаут и капитулација – рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за потпишаниот Протокол помеѓу Северна Македонија и Бугарија од страна на министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска.

„Тој протокол, практично, ја отвори врата за преговори за Албанија, а ја подзатвори за Македонија бидејќи, како што и самата Генчовска кажа, вистинската меѓувладина конференција нема да се одржи сега туку веднаш после промената на Уставот, а дека тоа нема да се случи гарант е ВМРО-ДПМНЕ бидејќи власта нема две третини во парламентот. Генчовска ни даде пример дека не го признава македонскиот јазик, дали ние реципрочно ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик? Генчовска бара Бугарите да бидат дел од преамбулата и нормативниот дел во Уставот, а истовремено бара ние да се откажеме од нашите Македонци во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет“, рече тој.

Според него, Македонија вистинските преговори ќе ги започне дури откако ќе се направи промена на Уставот за вметнување на Бугарите, но такво нешто, тврди тој, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи.

„За Македонија да ги почне преговорите потребно е да се промени Уставот односно преамбулата, па дури потоа ќе биде свикана меѓувладина и ќе биде усвоена предлог-преговарачката рамка. Дека нема да се смени Уставот говори бројноста на пратеничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 44 пратеника плус пратеници од опозицијата кои се противат на идејата за промена на Уставот, така што во овој момент владата нема две третини што значи дека предлог-преговарачката рамка останува предлог, не усвоена. Бараме истата да претрпи измена во членот 4, алинеја 4, каде таа сега се повикува на билатералниот договор и протоколот што го потпиша Бујар Османи“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето зошто не почне веднаш со собирање потписи за референдумот што го најави, туку ќе чека да поминат одморите, Мицкоски вели дека во ВМРО-ДПМНЕ се сериозни луѓе и затоа прво ќе се консултираат со експерти и ќе прават методологија.

„Сè уште трае анализата, ова се сериозни работи и ние сме сериозни луѓе кои сакаат кога ќе излеземе пред граѓаните со одредено барање тоа да се темели на факти и да немаме простор за дополнителни толкувања. Периодот што следи дополнително ќе го искористам да се консултирам со експерти за јасно да го дефинираме прашањето и методологија со која ќе излеземе пред граѓаните. Но, суштината е дека процесот на билатерални разговори и протоколи со Бугарија е еден процес, процесот на менување на Уставот и вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата и нормативниот дел е друг процес и трет процес е прифаќање на предлог-преговарачката рамка и тие три процеси не треба да ги поврзуваме еден со друг иако некој сака да ни ги поврзе“, изјави Мицкоски.

За тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не гласаше „против“ заклучоците за францускиот предлог туку пратеници излегоа од салата, Мицкоски вели дека не сакале да легитимираат политичко дивеење и насилство кое нема никаква врска со иднината на земјава.

„Ние за време на расправата бевме тука и јасно го кажавме нашиот став дека сме против тоа. Но, за жал, еве има 68 кои одлучија да глумат некакви заклучоци и да бидат бафер на владата. Не ги разбирам опозициските пратеници во парламентот кои се против политиките на владата, а од друга страна, поддржуваат нешто што нема никаква врска со европска иднина“, вели Мицкоски. (Р.Н.)

 

капитулација Протокол Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.