Македонија треба да отпочне безусловни преговори за влез во ЕУ уште во јуни бидејќи тоа не е нешто кое што го бара како милостина, туку таа тоа го заслужува, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп.
„Македонија е една од земјите која што направила најголем број отстапки и доживеала незаслужени понижувања во однос на националниот идентитет и токму поради тоа Европската унија треба да има в предвид дека нашата држава заслужува членство во ЕУ ден поскоро“, рече Мицкоски.
Доколку Владата во изминатите неколку години работеше на вистински реформи во врска со правосудството, здравството, образованието, економијата, тогаш би имала уште поголем број аргументи на своја страна, посочи Мицкоски и додаде дека не прифаќа било какви меѓународни договори со кои би се негирал идентитетот на македонскиот народ.
„Владата која што ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да почитува такви договори, тоа нека го знаат и бугарските власти“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.