Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Уверен сум дека ќе формираме влада во најкус можен рок

0
By Marija Todorovska on May 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека за брзо време ќе започнат преговори со партиите од опозицијата за формирање коалиција и кажа дека е уверен дека ќе формираат Влада во најкус можен рок и дека процесот ќе биде транспарентен.

По првичните неофицијални резултати според кои од преброени гласови во 3.270 избирачки места, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, Мицкоски изјави дека резултатите од нивната работа ќе се почувствуваат уште во првите 100 дена од формирањето на владата.

– Во напредна фаза сме и во разговори за силен инвестициски пакет кој ќе ја помогне економијата. Ова не сакав да го соопштувам пред кампањата за да не се исполитизира истото, но очекувајте уште во првите 100 дена многу добри вести за граѓаните и македонската економија, дополни тој.

На вечерашната прес конференција во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека вечерва се поразени, како што рече, „криминалот, корупцијата и неспособноста“.

– Поразени се и предавствата, поделбите, тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денеска ги боли главата, има и зошто. Ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал и спровел корупција мора да има одговорност која што ќе се темели на правда и закони, рече Мицкоски, дополнувајќи дека е победен и бојкотот на ДУИ.

Според него, народот покажал дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси.

– Народот ја одржа најважната лекција и си ја спаси државата. Оваа генерација ја има неповторливата можност да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе биде горда и Македонија ќе биде ваша и ќе има иднина која што ќе се темели на вредности и надеж. Ќе ја вратиме надежта и вечерва имаме причина за славење, рече тој.

Тој нагласи дека ќе го даде, како што рече, и последниот атом од неговите сили да ги исполни сите ветувања кои ги дал и да не го разочара народот.

– И вечерва се сум горд на народот кој застана на патот на поделбите. Вечерва се покажа дека нема Македонија на ДУИ, нема Македонија на СДСМ, нема Македонија ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак Македонија на која било политичка партија. Нема лева или десна, источна или западна, има само една, единствена и вечна независна слободна Македонија, рече Мицкоски.

Toj се заблагодари на гласачите, на оние кои не гласале за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а и на оние кои воопшто не гласале.

–  Сите вие ја имате мојата почит и треба заедно и обединето да направиме повеќе за сопствената иднина, иднината на вашите семејства и нашата Македонија, рече тој.

На членството и идните функционери кои ќе доаѓаат од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ им порача никогаш да не го заборават народот.

Во врска со неофицијалната победа на нивната кандидатка за претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова, Мицкоски рече дека верува дека таа ќе го врати достоинството на Македонија,

– Ова е двојна победа. Коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ застанаа и добија претседател, тоа е професорката Гордана Сиљановска Давкова. Нејзината цел ќе биде да го врати достоинството и Македонија да биде повторно горда. Верувам во тоа. Ја познавам и сигурен сум дека повторно Македонија заедно со Гордана Сиљановска Давкова како претседател ќе биде горда. Верувам во нејзините капацитети и знам дека со доблест и решителност ќе служи на народот и на татковината, рече тој.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, е победник во вториот круг од претседателските избори. По преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, Сиљановска Давкова освоила 524.658 гласови (65,04%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 236.222 (29,29%).

Од преброени гласови во 3.270 избирачки места, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати за новиот состав на Собранието. Зад неа е Коалицијата предводена од СДСМ со само 19 мандати, додека коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има 18 пратенички мандати, коалицијата Вреди 13, „Левица“ шест и партијата ЗНАМ пет пратенички мандати, објави вечерва Државната изборна комисија.

Влада избори Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.