Published: Sunday, October 20, 2019 21:13
Предвремените парламентарни избори се неминовност по она што се случуваше, поразени се арамилокот, аферите и се она што се случуваше. На изборите ќе победи обновата и потоа да засукаме ракави и Македонија да ја ставиме на брза лента, изјави лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Тој рече дека не разговарале за персонални решенија за Техничка Влада .
„За нас беше важен датумот, а за персонални решенија кој ќе ја предводи техничката Влада не разговаравме“ рече Мицкоски, кој очекува да победи на вонредните парламентарни избори
„Ќе имаме нова техничка Влада и нов технички премиер, а по 12 април ќе почне обновата на државата“, рече Мицковски.
На новинарско прашање дали ќе се менува Преспанскиот договор Мицкоски рече дека зборува секој ден на таа тема и нема што да додаде.
Мицкоски кажа дека на лидерската средба предложил во македонското Собрание да се донесе резолуција со која ќе се осуди бугарската резолуција и со која ќе се обврзат сите партии дека нема да ги исполнат барањата на Бугарија за непризнавање на македонското малцинство таму и за македонскиот јазик.
Што се однесува до пописот тој нагласи дека тие како партија сметаат дека треба да се одржи во 2021 година.




