Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицковски не знае да ја погоди  “големата врата”

0
By Борјан Јовановски on April 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 11, 2018 08:24

Христијан Мицковски и неговото ВМРО ДПМНЕ денеска ќе ја занимаваат јавноста со бесмислена интерпелација . Од она што досега го пласираа како критика упатена до владата на Заев, денешната седница ветува дека ќе биде банална вежба на тавтолошка реторика во која ВМРО ДПМНЕ само ќе ги потврди сомневањата дека нивното ново раководство нема ама баш ништо ново да каже што би можело да биде исперцепирано во јавноста како опозициска агенда која  има било каква интенција да ги забрза работите кои очигледно тромаво ги влече СДСМ-овската администрација.

Според најавите Мицковски од засега се уште непознат број на пратенички групи ќе испука рафали на ќорци. Ќе зборуваат за “заробена држава” што ќе звучи како нацист кој го обвинува Аденауер за концентрационите логори за време на војната. Слушнав и други критики на ВМРО ДПМНЕ упатени кон Заев во тој стил но ниту една не заслужува сериозно внимание за сериозна анализа.

Од друга страна факт е дека Заев со неговите се на добар пат да заглават во духот на “светлите традиции” на нивната партија која во неколку наврати наназад во поновата историја празниот гол на кој ја нема опозицијата го промашувала онака “мајсторски”  во 90 мин од значаен натпревар.

Македонија е исправена пред сериозни искушенија во еден хаотичен и непредвидлив геополитички простор чиј епицентар е токму во овој регион. Македонија 25 години наназад пропушти низа на прилики да се дефинира неповратно како демократско и просперитетно општество. За среќа, еве не пак пред нова шанса но со оглед на комплексноста на геополитичкиот контекст и неговата непредвидливост навистина е тешко да се претпостави дека Македонија може да си го дозволи луксузот да направи ново историско промашување.

Затоа денеска опозицијата навистина треба да се врати во Собранието на голема врата како што најави Мицковски, но не со инфантилна реторика позајмена од најблиското гранапче, туку со јасна порака дека се враќа како политички играч кој нема да му дозволи на Заев и неговите да се заплеткаат пред голот кога ќе треба да се постигне погодокот.

Ова го велам затоа што има многу индиции за тоа дека гужвата во која се заплеткуваат веќе почнува. За да влезат на голема врата како што најави Мицковски целата интерпелација треба да се сведе на негово долго излагање во кое хронолошки од 91 наваму ќе се посипува со пепел за националистичкото зло кое оваа партија и го диктираше на Македонија во 90 ‘ години дискфалификувајќи ја од Агендата  2000 на ЕУ во која тогаш се најдоа најголемиот дел од државите од источна и средна Европа.

ВМРО -вската албанофобија која свесно или не ја увезоа од Милошевиќ, направи огромни штети од материјални до човечки. Значи, Мицковски денеска во Собранието ќе се декларира како опозициски лидер ако јавно од говорницата прво упати јасни критики на отсуството на било какви капацитети на Иванов да биде шеф на државата, да се извини во името на ВМРО ДПМНЕ што тој човек како нивни кандидат стана претседател на државата во два мандата и да го повика безусловно да го потпише законот за јазиците заканувајќи му се со импичмент. Тоа е првата работа.

Втората, иако не помалку страшна, но втора во хронолошкиот ред, е проблемот наречен “Груевски” . Тука го чека второ извинување до нацијата од името на ВМРО ДПМНЕ за сите злосторства направени од тој човек и неговата клика во изминатите 12 години. Списокот тука му е долг и овој дел од излагањето оправдано може да потрае. Ќе бидеме трпеливи.

Се разбира овој дел од излагањето треба да заврши со големо извинување до нацијата за 27 април кој како датум треба да биде забележан како ден на најголемата колективна траума во поновата историја на Македонија и македонскиот народ. Во овој исто така голем пасус Мицковски треба да се извини за манипулацијата која е правена врз граѓаните со измислените опасности за Македонија кои ги носи новата власт од типот на Тиранска платформа, федерализација, налет на бегалци…и слични небулози кои реално вознемирија голем дел од населението. Извинувањето за овој дел треба да е прво адресирано до оние стотици луѓе кои искрено веруваа во оваа партија изложувајќи ги сопствените животи на опасност.

Само и само после овие извинувања упатени до целата нација, Мицковски може да почне да мисли дека можеби и знае што е голема врата во политиката, бидејќи нам како трауматизирано општество сега навистина ни требаат политички елити, во власт и опозиција, кои воопшто разбираат што значи и каде е “големата врата” во геополитиката во вакви историски констелации и премрежија  за да успеат низ голема врата да ја внесат Македонија таму каде што цивилизациски припаѓа.

Се додека ВМРО ДПМНЕ избегнува и се плаши да се изложи на оваа катарза ВМРО ДПМНЕ може да се шета само низ глувчешки дупки. Прашањето е дали сите ние ќе останеме заложници во тој глувчешки свет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.