Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис ја промовираше, но ознаката „Macedonia the GReat“ никаде не е регистрирана

0
By Соња Трајковска on November 15, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: ekathimerini.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Досега не постои пријавена или регистрирана трговска марка, географска ознака или комерцијално име на компанија (фирма) во регистрите на Европскиот завод за интелектуална сопственост (EUIPO) или на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) (Маридски договор или Мадридски протокол) со ознака “Macedonia is GReat”. Доколку биде пријавен како трговска марка, за тоа ќе се изјасни соодветниот завод пред кого ќе се бара признавање, вели за НОВА Ѓорѓи Филипов координатор на Меѓународната група на експерти која согласно Преспанскиот договор ќе ги решава прашањата поврзани со трговските ознаки.

Неговиот коментар е во контекст на вчерашното промовирање на трговската ознака „Macedonia the GReat“ од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на бизнис форумот во Солун, за производите што ќе бидат извезувани во светот,  а се произведени од грчкиот регион Македонија.

Ѓорѓи Филипов

Бидејќи вакво нешто не е разгледувано, ниту на грчкиот, ниту на македонскиот дел од Меѓународната група на експерти, ниту пак на целата група во која има член(ови) од (WIPO), а се очекува именување и на член(ови) од ЕУИПО, амбасадорот Филипов вели дека засега не е овластен ниту тој, ниту кој било друг член од грчка или македонска страна, ниту пак некој од  претставник од меѓународните организации да даваат коментари во име на Меѓународната група на експерти.

Оваа група, која е формирана во јуни годинава, досега одржа една седница, на 22 јуни во Скопје, а во најскоро време се очекува да ја одржи втората седница. Во меѓувреме, како што вели Филипов и на двете страни се одржуваат консултации, договарања, се пласираат предлози како да се работи, бидејќи главни протагонисти треба да бидат деловните заедници од од двете земји, на кои, оваа експертска комисија им стои на располагање како советодавно тело за тоа дали работата е во согласност со Спогодбата од Преспа и меѓународното право, во контекст на европските директиви за ова подрачје.

Член 1 став 3 (ж) од Преспанскиот договор

Ова е регулирано во Членот 1 став 3 ж од Преспанскиот договор каде се истакнува дека „Страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво’.

Филипов укажува дека индустриската сопственост, кадешто спаѓаат и трговските марки е приватна сопственост и според оваа одредба, ништо нема да се промени додека двете страни не се усогласат со решенијата. Вели дека деловните заедници, стопанските комори разменија писма со намери да се соработува кон правилно разрешување во духот на добрата деловна практика и Спогодбата од Преспа, но не му е познато дека се одржани официјални средби.

Од Стопанската комора за НОВА велат дека околу трговските марки засега единствена адреса е експертската комисија, бидејќи ваквата комисија на ниво на коморите е во фаза на формирање.

Македонски ајвар, кривопаланечки мед, дисан, кочански ориз и охридски бисер

Слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина вчера ги презентираше Здружението на извозници на Грција, во присуство на грчкиот премиер Мицотакис.

– Се обврзав дека ќе се справиме со негативните последици од Договорот од Преспа, поддржувајќи ги професионалните групации од Северна Грција за да се воспостават унифициран колективен идентитет, кој ќе ги раздвојува производите што се произведуваат отсега понатаму на македонската почва. Верувам дека овој софистициран знак, претставен денеска и кој веднаш ќе биде доставен до Европската канцеларија во Аликанте, ја постигнува оваа цел, рече Мицотакис појаснувајќи дека тој ги покрива сите три региони: Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија, додавајќи дека овој „идентитет упатува и на минатото, но и отвора пат за пооптимистичка посветла иднина“.

Според податоците на Државниот завод за индустриска сопственост, македонските компании имаат меѓународно регистрирани 344 трговски марки, а само пет го содржат името Македонија. Меѓународно регистрирани македонски географски ознаки има вкупно пет и тоа: македонски ајвар, кривопаланечки мед, дисан, кочански ориз и охридски бисер.

За сите идни користења на името Македонија, како дел од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, согласно Спогодбата од Преспа, ќе решава меѓународната група на експерти, која има рок три години, односно до крајот на летото 2022. Од отпочнувањето на работата, практично се поминати 4-5 месеци.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.