Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Неверојатна лага е дека сум следел министри, професионални уценувачи нема да ме вовлечат во политички случувања

0
By Соња Крамарска on November 8, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Станува збор за неверојатна лага, имаме текст без апсолутно никакви докази и без апсолутно никаква поврзаност со мене, а лично сум обвинет дека сум „мозокот“ на оваа мрежа, зарем постои Грк кој верува дека во сето она со кое требаше да управувам во последниве три и пол години, во слободно време ги прислушував министрите, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за информациите објавени во весникот „Документо“ дека следел министри од неговата влада, нивни сопруги, поранешен премиер, поранешни министри, новинари и бизнисмени, Мицотакис упати обвинувања до новинарот и издавачот на весникот Костас Ваксеванис, велејќи дека ако не достави докази, „нема да биде само клеветник туку и национално опасен“.

„Зад господинот Ваксевани, се крие господинот Ципрас. Немајте никаков сомнеж дека е негова стратегијата, државата да ја потоне во кал“, рече Мицотакис.

За ставот на Ваксеванис дека „постои една единствена мрежа за следење, а криминалниот мозок е Мицотакис“, грчкиот премиер истакна дека не постојат никакви докази за напишаното и „срамота е некој да мисли дека премиерот го прислушува министерот за надворешни работи и крајно опасно е“.

Грчкиот премиер потврди дека во Грција некој работи со софтверот за следење „Предатор“, но категорично рече дека не е Националната служба за разузнавање, ниту пак тој лично има било каква вмешаност.

„Никогаш не тврдев, ниту владата тврдеше, дека не постои прислушување и центар кој работи со софтверот „Предатор“. Ова е сосема различно од тоа да се обвинува премиерот за оркестрирање на вакво нешто. Тоа се две сосема различни работи. Од првиот момент прифативме дека има проблем со нелегален софтвер во земјава“, рече Мицотакис и додаде дека не знае кој управува со конкретниот центар што го користи конкретниот софтвер за прислушување и треба да се открие.

Потенцираше дека Грција, со закон, ќе биде првата земја која ќе забрани продажба на вакви софтвери, за кои рече дека во овој момент постојат околу 500 на пазарот, а „постојат странски сили кои ги имаат на располагање“.

„Можеби постојат во земјата економски фактори кои би ги имале, кои ги имаат или кои би сакале да ги имаат. Обезбедувањето на приватноста на комуникациите не е лесна задача“, рече Мицотакис.

Случајот со прислушувањата, по објавениот текст во весникот „Документо“ во неделата, беше главната тема во синоќешното интервју на грчкиот премиер за телевизијата „Антена“.

Кирјакос Мицотакис прислушување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.