Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Решението на спорот мора да биде според грчки услови

0
By Нова ТВ on May 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија во интервју за грчката телевизија „Скај“ Киријакос Мицотас вели дека решението на спорот за името треба да се реши тогаш кога тоа ќе им служи на националните интереси и мора да биде според грчките услови.

– Дваесет години живееме со овој проблем, со ова нерешено прашање, според тоа можеме да живееме уште 2-3 години. Доколку јас имам политичка одговорност, проблемот ќе се реши, кога ќе оценам дека ова решение ќе им служи на националните интереси, вели Мицотакис и додава дека неговата партија никогаш не рекла дека не сака решение, но потребно е тоа да биде согласно со грчките услови, пренесува МИА.

Лидерот на Нова Демократија, објасни дека националната рамка за решение што ја поставуваат тие, не се фокусира само на прашањето со името, туку како неопходен услов ги поставува „уставната ревизија и елиминација на иредентизмот за да може да постои комплетен пакет договор“. Мицотакис во интервјуто објаснува дека само доколку има конкретни информации за евентуален предлог и договор, тогаш јавно ќе коментира.

– Решението треба да е комплетно решение што ќе ја има уставната ревизија како неопходен услов за да одиме напред кон следната фаза, не само затоа што Уставот ни обезбедува дека на овој начин ќе постои цврста политичка обврска, туку ќе значи дека се создадени такви внатрешни политички рамнотежи во Скопје, со што и нашите соседи ќе сфаќаат дека треба да се најде решение на овој конкретен начин. Само доколку имам конкретни информации и конкретно известување, тогаш ќе можам да излезам со став, како што изразив став кога премиерот ми се јави на телефон и ми го потврди она што веќе беше објавено, дека разговара за името Република Илинденска Македонија, рече претседателот на Нова демократија и додава дека е јасно дека „владата разговараше за конкретното име“, за кое вели дека е „ерга омнес на иредентизмот“.

– Тоа е најлошото можно име. Тоа е ерга омнес на иредентизмот. Го гледаме сирењето, а не ја гледаме стапицата, бидејќи името сугерира на иредентистичките визии на соседната земја, коментира Мицотакис.

Во однос на јавното мислење во Грција и ставот на голем дел од Грците дека во името не треба да биде вклучен терминот Македонија, лидерот на најголемата грчка опозициска партија вели дека не може да се игнорира фактот што дел од јавноста „ова прашање го гледа со голем степен на чувствителност“, но и тоа дека Грците, кои по осум години криза се „чувствуваат дека се подложни на низа економски порази, не се во можност, како што самите тие го сфаќаат тоа, да бидат подложени на нешто што самите го гледаат како национална отстапка“.

Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ вели дека никогаш не бил подложен на притисоци во однос на прашањето за името и потенцира дека неговата партија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но само доколку се исполнат предусловите. 

Во меѓувреме, во повеќе градови во Грција најавени се протести на 6 јуни против разговорите за спорот со името. Како што објави весникот Независен, организатори на протестите се истите кои ги организираа протестите во Солун и во Атина, но овој пат такви собири нема да се одржат во двата најголеми грчки градови, туку во неколку други, кои засега не се објавени.

Организаторите на протестите велат дека сакаат да ги потсетат властите дека грчкиот народ е против каква било отстапка за името Македонија и бараат да ја почитуваат волјата на народот. Како што соопштија денеска, веќе стапиле во контакт со локалните власти каде што треба да се одржат протестите и побарале поддршка од нив.

Илјадници Грци во јануари протестираа во Солун, а во февруари во Атина со порака “Македонија е грчка„, осудувајќи ги разговорите за компромисно решение на спорот со името.

Илинденска Македонија Мицотакис спорот за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.