Под мотото „уметност, јебга..! страдај за убаво, слушај си ја душата!“ на 19 септември од 10 навечер, во МКЦ Клуб ресторан, Блесок организира промоција на „Песни од големата соба“ од Игор Исаковски; поради голем интерес после јунската промоција, ќе има изведби и од „Купидона и други драми“ од Срѓан Јаниќијевиќ, книга која Блесок ја објави во мај годинава.
Во првиот дел, на сцената ќе бидат Игор Исаковски со стихови од новата книга поезија и Kings of Pseudo со музика.
Во вториот дел, голем број гости ќе изведат делови од „Купидона и други драми“, со музика од Pogan Pagan и Новоградска. Влезот е слободен.