Телевизијата 24 Вести наскоро ќе добие нов главен и одговорен уредник. Станува збор за Младен Чадиковски, директор во неделникот “Фокус“ каде работи веќе пет години.

Чадиковски претходно работеше во приватната А1 Телевизија се до нејзиното затворање.

Се очекува дека новиот главен и одговорен уредник ќе ја подобри програмата на 24 Вести.