Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Млади архитекти ќе креираат архитектонски решенија за плоштадот во Струга

0
By Нова ТВ on April 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 14, 2015 10:47

Петнаесеттина млади студенти по архитектура, искусни архитекти и дизајнери од Европа, до крајот на месецот ќе работат на новото архитектонско решение на градскиот плоштад во Струга и центарот на градот во рамки на проектот „Градот никогаш не спие“.

Проектот „Градот кој никогаш не спие“ го реализира асоцијацијата „Креативни и активни“ со поддршка на Фондот за развој „Принц Клаус“ од Холандија и во соработка со општина Струга.

Креативната работилницата во рамки на овој проект на која ќе се изработуваат идејните решенија за подобар изглед на Струга ќе трае до 30.април.

Според стружанецот Гоце Чавкоски, кој е студент на Техничкиот универзитет во Виена, Австрија, во креирањето на новите урбани решенија за строгото централно градско јадро ќе бидат вклучени и граѓаните.

– Ќе дадеме еден поинаков тек и транспарентен однос, затоа што во целата ситуација досега не сум видел дека архитектурата се третира како еден јавен процес. Ќе ги инволвираме сите граѓани, ќе го слушнеме нивното мислење и на крајот, ќе донесеме квалитетен и транспарентен заеднички проект со кој сите граѓани во оваа општина ќе бидат задоволни, вели Чавкоски.

Еден од учесниците во креирањето нови урбанистички решенија за Струга е архитектот Енрит Кадриу од Косово. Тој е вклучен во проект за изградба на еко-село во неговата земја, и смета дека тоа искуство ќе му помогне да го даде својот придонес и во изработката на слични архитектонски решенија и во Струга.

– Проектот „Еко-село во Косово“ го започна меѓународната организација „Унавижн“ која освен во Косово делува и во Македонија. Таа ги собра на едно место младите луѓе од Косово од различни сфери, од архитектура, економија, психологија, со кои сакаме да создадеме една заедница на луѓе кои ќе може да комуницираат со просторот и со природата и ќе живеат еколошки живот. Со проектот што во почетна фаза, планираме да изградиме околу 300 куќи од еколошки материјали и материјали кои можат да се рециклираат, вели Кадриу.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.