Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младински додаток во висина од 3.000 денари искористиле 13.000 млади лица

0
By Marija Todorovska on February 27, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 2020 година, кога беше воведена мерката младински додаток, досега ја искористиле 13.000 млади лица.

Со мерката „Младински додаток“, којашто ја воведе Владата на СДСМ во 2020 година се обезбедува дополнителен приход од 3.000 денари за младите до 23 години вработени во производство.

Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно им се исплаќа на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование во дејностите на производството.

Целта  на мерката беше да се зајакне стандардот на младите и да се стимулира атрактивноста на стручните занимања за кои на пазарот на трудот во Македонија постои интерес.

До придобивките од оваа мерка имаат пристап младите кои се вработени со задолжително социјално осигурување кај работодавач или се самовработени во компании со претежно производствена дејност; младите кои што се вработени преку приватна агенција за вработување на работа кај работодавач со претежно производствена дејност, како и младите индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

Освен како придонес за повисок животен стандард на младите, со оваа мерка им се излегува во пресрет и на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, која тие ја бараат меѓу стручно образованите млади луѓе.

Младинскиот додаток беше дизајниран не само да ја зголеми младинската вработеност туку и да овозможи подобро платени работни места за младите луѓе.

Преземено: Центар.мк

млади младински додаток повисок животен стандард СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.