УМС на ВМРО-ДПМНЕ како младинско движење кое ги почитува демократските принципи и вредности се придружува кон апелите на ЕУ, осудата од европарламентарците и згрозеноста на борците за човекови права, по повод бруталното убиство на млад човек, музички уметник кое се случи од фашистичките елементи и движења во Грција, соопшти пред новинарите Михајло Коштримовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– УМС како организација на млади, чија цел на постоење е демонстрирање и поттикнување на општествена одговорност се солидаризира со апелите на осуда на демократските движења во Европа и свесните елементи во грчкото општетство кое ваквиот чин го окарактеризираа за вандалско и недемократско потистнување на слободната волја и газење на слободата од страна на деструктивните елементи во грчкото општество.
– Со право ЕУ и европарламентарците го окарактеризираа убиството на овој млад уметник како напад врз демократијата, нешто што нема да ја реши социјалната нееднаквост и економските предизвици. Ова е случај кој покажува нарушување на демократските начела, нешто што во моментот е предмет на дискусија и чин на демократска борба на високо свесните и демократски кругови од грчкото општетсво кои се мобилизираа и објавија борба против националистичките и фашистички испади.
– Ние се приклучуваме на апелите и ја охрабруваме демократската левица и нејзините движења во грчкото општетсво, како и на демократските институции во Грција, да се изборат за слободата и нејзините принципи кои се придобивка и темелни принципи на ЕУ и се значајни за регионот, истакна Коштримовски.




