Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги повикува сите ученици во основните и средните училишта низ Македонија да не потклекнуваат на провокации и повици за протест против екстерното тестирање кои, како што наведува во соопштението, се пласирани од одредени опозициски партии.
– Овие политички субјекти работат со намера да ги злоупотребат малолетниците – ученици во нивната себична желба за ситен политички поен. Лесно воочлив е фактот дека вакви манипулации со учениците се појавија доминантно во општини каде градоначалници се од опозициските партии и во училишта чиишто директори и професори се истакнати членови на тие политички субјекти.
Истите тие кадри извршија злоупотреба на учениците во средните и основните училишта во Куманово и Струмица преку безмилосно искористување на малолетниците – ученици и нивно ставање во заблуда за процесот и значењето на екстерното тестирање. Главна причина зошто ова е поддржано од одредени политичари е нивната себична желба да профитираат на сметка на учениците, тврдат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.