Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите од Црвен Крст Неготино се скараа со жените од ВМРО ДПМНЕ

1
By Нова ТВ on August 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клубот на млади при Црвениот Крст од Неготино ги обвини припадничките од локалниот огранок на Унијата на жени од ВМРО ДПМНЕ дека сакале да го злоупотребат нивниот труд во собирање донации за поплавените од Скопје за политички маркетинг. На својата официјална фејсбук страница денеска ги повикаа сите партии да не ги користат за политички цели. Според нив, Унијата на жени неповикани повикале камери пред нивниот пункт и сакале да даваат изјави како тие учествувале во собирањето донации.

„Клубот на млади втор ден по ред е активен на терен со поставен пункт за донирање за поплавените во Скопје и Тетово. Граѓаните минуваат и донираат, разговараат за поплавените, жртвите и некои други информации околу териториите кои страдаат. Активни волонтери на Клубот на млади ја променија својата дневна рутина овие денови и тотално го вложуваат својот труд за да соберат што е можно повеќе донации за своите пријатели во настраданите територии. Но, сепак политиката сакаше да им го одземе нивниот труд. Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ пристигнаа на пунктот на кој веќе имаше голем број на донации (вода, средства за хигиена, конзервирана храна итн.), повикаа камери и спремни беа да дадат изјава како тие собираат донации од граѓаните за помош на поплавените. Но, сепак волонтерите се спротиставија, ја собраа донацијата и ја префрлија во својот клуб каде што ќе се пакува во пакети и ќе се испраќа во Скопје.
Никогаш не сме посакале да имаме работа со политика, нема ни да посакаме. Ќе се бориме за нашето правило, за да не останеме политички обележани, за народот да не ни го врти грбот, туку да не поддржува. Имаме една цел, да го браниме нашиот клуб, кој е сплотен и напорно работи со години за доброто на општеството. Клубот на млади ООЦК Неготино ќе си остани со чист образ и понатаму !

Ве замолуваме да го СПОДЕЛЕТЕ овој пост, за сите да го дознаат овој запустен, лош потег на рекламирање на искомплексираните, неуспешни политички партии. Истото важи за сите нив, ниту ВМРО ДПМНЕ, ниту СДСМ нема да дозволиме за влезе во нашиот клуб!“, пишува во објавата.

Но, подоцна во диксусијата се вклучува и припадничка на Унијата на жени од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Јованова, лидерка на неготинскиот огранок. Таа им се заблагодарува за собраните донации и хуманоста и им вели дека стекнале сосема погрешен впечаток.

„Не се работи за политичко рекламирање, туку сакаме да се заблагодариме на граѓаните, приватниот бизнис сектор и институциите од Општината кои несебично се вклучија во акцијата и последните два дена донираа голема количина на вода, конзервирана храна и средстввжа за хигиена и да ги повикаме повторно да се вклучат. Не е важно чија е иницијативата туку важно е да сме сите заедно, дали е партија, Црвен крст или друга организација важна е целта, а тоа е да се собере што повеќе помош за настраданите. Заедно сме посилни нели?!“, им одговара Јованова.

Младите волонтери на Црвениот крст од Неготино и реплицираа на Јованова заблагодарувајќи и се за хуманоста, но со сугестии дека истата не бара признанија.

Ви благодариме за поддршката од ваше име и Ве очекуваме вас и сите граѓани на Неготино да продолжат да бидат хумани и да одговорат на потребите на граѓаните зафатени од поплавите.

„Не е јасен и го оценуваме како политички манипулативен, вашиот потег, за упатување на благодарност до граѓаните за помошта која ја имат донирано во рамки на пунктот на ЦК. Хуманоста е чин кој не бара посебно нагласување на благодарност а најмалку медиумски публикации. На крај од нашите активности ќе биде изработен и објавен извештај со точно количество на донирани производи.

Ве информираме дека ЦК во своите конститутивни акти е основано на 7 принципи во кои непристрасноста, независноста и неутралноста се дел од нив. Овие смерници на работење не обврзуваат да се дистанцираме од сите политички соработки. За таа цел, ве повикуваме да се вклучите во нашите активности како граѓани а не како членови на некакви ваши убедувања“.

Додека младите неготинци од Црвениот крст не сакаат нивните активности да се користат за политички промоции, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити вчера во Скопје му организираше пречек на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во еден од пунктовите и му даваше отчет за собраната помош. Црвениот крст е независна меѓународна хуманитарна организација.

 

Неготино Црвен крст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.