Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите во Бугарија и Северна Македонија делат исто секојдневие, решението е меѓусебна соработка  

0
By НОВА ТВ Balaban on January 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според Андреј Стојкоски, член на управниот одбор на Национален младински совет на Македонија, врсниците од Македонија и од Бугарија имаат многу заеднички работи и немаат никаква причина за да имаат негативни мислења, напротив треба да имаат соработка конкретно во случајов на развој на науката.

Ние сме блиски земји кои имаат плодна почва на соработка и кои може да се почитуваат едни со други, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова, на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ која се одржа вчера во просториите на АУЕ-ФОН,  организирана во соработка со Renew Europe. Идејата е да се поттикне дебата за моменталната состојба помеѓу двете држави Република Северна Македонија и Република Бугарија, една од позначајните работи се младинската и парламентарната соработка.

– Во нашето Собрание е формиран Клуб за младински прашања и политики што го нема во земјите од регионот или некои земји или парламенти се во фаза на формирање, во овој поглед бугарскиот парламент може да го искористи нашето искуство и да воспоставиме еден тип на размена на идеи и да им помогнеме да основаат нивни клуб за младински прашања и политики и повеќе да работиме во делот на она што им е потребно на младите а тоа генерално се однесува на образованието на студентската мобилност па и во делот на спортот кој често го занемаруваме, додава Зајкова.

Според Андреј Стојкоски, член на управниот одбор на Национален младински совет на Македонија, врсниците од Македонија и од Бугарија имаат многу заеднички работи и немаат никаква причина за да имаат негативни мислења, напротив треба да имаат соработка конкретно во случајов на развој на науката.

– Младите имаат многу можности за соработка, многу теми и причини кои што не поврзуваат како врсници од ист дел на Европа кои се соочуваат со исто секојдневие, пред се образованието и заштитата на животната средина, додава тој.

 За претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павичевиќ, образованието е една од главните работи во кои што треба да се инвестира.

  – Не можам да се пофалам дека имаме остварено исклучителна соработка со нашето слично Здружение од Бугарија или некоја од соседните земји. Како иден историчар многу ме боли кога ќе видам како се настапува и во медиумите меѓутоа и од страна на државните институции по прашањето од историјата. Кажете ми дали имаме комисии што преговараат за биологија за хемија за физика или за било која друга природна или техничка наука?  Затоа двете влади имаат за задача комплетно да го реформираат моделот на образование, заклучува тој.

Според Павичевиќ, образованието е тука да ги научи средношколците како да ја изучуваат историјата како да ги изучуваат сите други предмети во двете држави така кога тие веќе ќе се оспособат со потребните вештини за критичка евалуација на материјалот и да поставуваат прашања околу истиот нема да се доведуваат во ситуација да имаат предрасуди и население што не е запознаено доволно добро со историјата и што верува во митолошки наративи на конфликт и омраза меѓу двете земји.

 Илхан Ќучук, известувачот на ЕП за РС Македонија, истакна дека бугарско-македонските односи немаат алтернатива за регионот и имаат голем потенцијал, не поради историјата или политиката, туку пред се затоа што луѓето, обичните луѓе, можат слободно да комуницираат и да се разбираат, без употреба на странски јазици и без посредници. И штом можете да разбереш некого, можеш и да го слушаш и да изградиш блиски односи засновани на заеднички аспирации за подобар живот, без граници, во Европската унија, еднаков на Германците, Французите и Шпанците.

– Затоа, оваа конференција од Renew Europe не е прва, ниту ќе биде последна. Ќе продолжиме да промовираме поблиски односи меѓу граѓаните на двете земји – младите, студентите, учениците, образованието, културата, заштитата од дискриминација, медиумите, локалната самоуправа. Важно е да се поттикне споделувањето искуства, идеи и проекти за соработка на локалните власти, најблиските до граѓаните, како и невладините организации од Северна Македонија и Бугарија. Токму затоа, преку 35 гости од Бугарија учествуваат заедно со нивните колеги од Северна Македонија за да се стимулира меѓудржавната и прекуграничната соработка со цел поголема социјална вклученост и развој, особено во подалечните области од главните градови. Од вашите идеи и предлози, би сакале да видиме поголема употреба на механизмите и фондовите за соработка на ЕУ, заклучи Ќучук.

 

Андреј Стојкоски Бугарија Илхан Ќучук Лука Павичевиќ младите Моника Зајкова Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.