Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Многу врева околу (не)доаѓањето на Лавров на Самитот на ОБСЕ во Скопје

0
By Blerina Tahiri on November 23, 2023 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Ќе дојде ли шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров идната недела на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје? И дали воопшто треба да дојде? Дали Министерот за надворешни работи на земјата агресор која претставува најголем ризик за безбедноста во Европа и во светот треба да присуствува на Самит на Организација задолжена за безбедноста и почитување на човековите права? Дополнително, дали воопшто треба да добие покана од земја за која има непријателски став (Русија ја стави Северна Македонија на листата непријателски земји) и константно се меша во нејзините внатрешни работи и евроатлантски аспирации?

Официјална потврда од МНР за неговото (не)доаѓање се уште нема, ја најавија најдоцна до утре, но според некои медиуми, неговото присуство е се повеќе извесно.

Дека процедурата за доаѓање на Лавров во Скопје е веќе отпочната, пред неколку денови потврди и Османи кој рече дека барањата за визи на руската делагција се процесуираат, но порача дека нивното доаѓање во Скопје ќе биде предизвик поради забраната за прелет на руски државни авиони.

Според досегашните информации Руската федарација веќе покажала интрес и преку писмо упатено до претседавачот Османи, побарала да се обезбеди присуство на Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје, но сепак, конечната одлука ќе зависи не само од Македонија, туку и од земјите членки на ОБСЕ и соседите кои ќе треба да дозволат прелет на руски авион.

„Ние ги процесуираме барањата на сите членови на руската делегација за визи и за доаѓање во Македонија. Во моментот кога ќе имаме решение, сигурно ќе информираме. Јас се надевам дека сите министри ќе бидат присутни на конференцијата на ОБСЕ“, изјави Османи.

Според Османи, Северна Македонија треба да обезбеди услови за присуство на сите министри на Конференцијата за да не се доведе во прашање изборот на следниот претседавач со ОБСЕ, кој мора да биде избран со консензус од сите држави.

Од друга страна, министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека Лавров не е добредојден во земјава.

„Нема потврда за доаѓањето на Лавров, меѓутоа со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, нивното мешање во внатрешните работи на државите, меѓутоа пред сè нивниот однос кон Украина не гледам зошто тој би доаѓал овде“, рече министерката Славјанка Петровска.

За потсетување, сé уште се на сила санкциите кои ги воведе Северна Македнија кон Русија, иако, според Виенската конвенција, советот на ОБСЕ не е предмет на санкции.

Сепак, при одлуката дали да му се укаже гостопримство на рускиот министер за надворешни работи, треба да се земе предвид говорот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред Парламентот во Москва, по случувањата во Македонија поради намерата на тогашниот премиер Никола Груевски да не ги почитува европските санкции против Русија, кога ја покрена темата дали Македонија треба да се федерализира, дополнително подкрепувајќи ја истата со постоење на идејата за територијална поделба, односно, да се подели земјата на Албанија и Бугарија“.

„Многу е тажно и опасно дека за таа цел се прават напори да се искористи албанскиот фактор. Пред многу години имаше сериозни спротивставувања и тогаш (во 2001) беше потпишан Охридскиот договор, а сега се зборува дека Македонија треба да се федерализира уште подлабоко, дури се предлагаат идеи и да биде разделена – еден дел да биде даден на Албанија, а друг на Бугарија“, изјави Лавров.

Тој исто така обвини дека Северна Македонија се користи како „алатка“ во антируската игра, и спроведувајчи ги руските анти ЕУ и анти НАТО наративи, ја доведе во прашање Евроатлантската определба на државата, велејќи дека земјата станала Северна Македонија за да влезе во ЕУ каде, според него, не била примена и наскоро нема да биде примена и Македонија била „вовлечена“ во НАТО.

Сергеј Лавров уште во 2014 година за сараевски “Дневни Аваз” изјави дека проширувањето на НАТО со поранешните југословенски републики- Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, би претставувало грешка и провокација кон Русија.

Истовремено, дозволувајќи му на Лавров влез во државата, ќе се прикажеме како земја за која злосторствата во Украина се прифатливи и дека со тоа ќе брцнеме „прст во окото“ на илјадниците украински  жртви на руската агресија врз Украина.

Во јуни 2022 година, неформалната група граѓани „Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната“ одржаа протест во Белград по повод најавената посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија.

Десетина граѓани кои се собраа носеа транспарентот „Во Хаг, а не во Белград“, како и паролa „Благодариме соседи, ја спасивте Србија од срам“, на коja стоеја и црногорското, македонското и бугарското знаме, со кои се заблагодарија за затворањето на воздушниот простор за летови на руски авиони, со што ја оневозмошија посетата на Лавров на Белград.

И сеа, шу праиме?

Како и да е, дошол- не дошол, на Лавров веќе му се даде премногу значење, што руската пропаганда секако ќе го додаде на своетo конто во нејзината пропагандна војна, која, за жал, има големо влијание и во Северна Македонија.

Извор: Цивил Медиа

руска пропаганда Самит на ОБСЕ Сергеј Лавров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.