Сложено име со географска одредница за употреба во односите со секого ( erga omnes ) е најдобар можен основ за изнаоѓање на чесен, заемно корисен компромис кој нема да создаде победници и губитници , туку ќе ги постави темелите за развојот на здрави и стабилни билатерални односи врз основа на принципот на почитување на добрососедските односи , и ќе го зајакне мирот и стабилноста во поширокиот регион, се вели во соопштението на грчкото министерство за надворешни работи објавено изутринава.
Грција сака да се изнајде заемно прифатливо , јасно и дефинитивно решение за прашањето за името. Тоа треба да биде решение кое нема да создава тензии во иднина.
Грчката влада прави максимални напори во оваа насока, се додава во сооопштението во коа понатаму се нагласува дека . Грција останува цврсто посветена на процесот на преговори под медијаторство на специјалниот претставник на ОН , Метју Нимиц.
Во оваа соопштеие грчкото министерство опширно се осврнува на историјатот на спорот со акцент на тоа дека Македонија не го пошитувала словото и духот на привремената спогодба и дека на тој начин постојано биле опстурирани напорите за изнаоѓање на решение.
Оваа соопштение грчкото министерство го објавува денска за кога е закажана средба на шефот на македонската дипломатија Никола Поповски со неговиот грчки колега Венизелос.
Во Њујорк во обид да го потикне процесот од Брисел отпатува и комесарот за проширување Штефан Филе. Во петок пред Генералното собрание на ООН ќе се обрати премиерот Груевски.




