Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Наша цел не е затворање на границата туку спречување нелегално минување

0
By Влатко Чаловски on February 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 22, 2016 12:26

Мигрантската криза, која е измачувачко прашање за цела Европа претставува голем предизвик и за Македонија. И додека во меѓувреме низ медиумите се лицитира со бројки на луѓе, со опасност од тероризам од големиот бран бегалци и слично, утрово на брифинг во Министерството за надворешни работи потенцираа дека Македонија ги следи заклучоците од Советот на ЕУ.

А тоа значи дека низ Македонија ќе транзитираат толку мигранти колку што земјите од ЕУ ќе прифатат, односно во земјава од Грција ќе влезат мигрантите кои имаат легитимни основи за барање азил а кои понатаму ќе поминат кон Србија и Хрватска се до Австрија, Германија и Шведска, најпосакуваните дестинации на мигрантите.

Притоа, како што информираше министерот Никола Попоски, планот на македонските власти воопшто не е за да се затвори границата туку работи на скрининг за легитимни азилобаратели а оградите кои се беа изградени долж границата со Грција е за да се запрат нелегалните минувања, за кои Попоски рече дека за минатата година нема ни официјална бројка.

Во однос на сегашната ситуација со Авганистанците, кои се заглавени во Табановце, Попоски рече дека тоа е резултат на нивното непропуштање во Хрватска, но дека во практика се покажало дека најчесто станува збор за авганистански државјани кои подолг временски период престојувале во Грција, а сега му се приклучиле на бранот бегалци и се упатиле кон Германија.

Сепак и понатаму останува режимот за пропуштање на бегалците од погодени подрачја, Сирија, Ирак и Авганистан но само со детален скрининг. Се очекува понатамошна координација што ќе се случи со лицата што во моментов се заглавени.

Инаку во однос на мигрантската криза на ниво на Европска Унија, клучни се три фази: улогата на Турција, заштитата на надворешните граници на шенген зоната и реадмисијата.

Попоски ја нагласи реадмисијата како клучна работа, бидејќи тоа значи дека оние мигранти кои веќе пристигнале во земјите на ЕУ а се економски мигранти, ќе бидат вратени во матичните земји од каде што потекнуваат.

На ниво на ЕУ и неодамнешната изјава на министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, дека откако ќе ја достигнат границата од околу 37.000 мигранти, тие ќе ја затворат границата, Попоски појасни дека тоа не значи буквално затворање на истата, односно Австрија ќе дозволи да биде транзитна земја за мигрантите кои ќе патуваат кон Германија, Шведска или друга земја.

Тој беше дециден дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови, но дека ќе се следат упатствата на ЕУ. Македонските власти претходно објавија дека е расположена за квота од околу 2.000 мигранти но кои би имале привремен престој со одреден период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.