Од Министерството за надворешни работи велат дека во македонскиот конзулат во Солун од страна на грчките власти не била испратена информација за уапсен или притворен македонски граѓанин, јавува Слободна Европа.
Ова е коментарот по повод информациите во некои локални македонски медиуми дека дваесетгодишен македонски државјанин бил уапсен од страна на полицијата на Кукуш-Грција.
Наводно станува збор за син на македонски политичар против кого била отворена кривична постапка за нелегално поседување на дрога. И од македонското министерство за внатрешни работи велат дека тие не можат да известуваат за активности на грчката полиција.