Министерството за надворешни работи соопшти дека македонскиот граѓанин на работа во Либија, Милјазин Гафури од Ново Село, Боговиње, е ослободен и се наоѓа во Италијанската амбасада во Триполи.
Гафури и неговите двајца колеги од фирмата во која што работи се водеа како исчезнати од 05.07 наутро. Министерството за надворешни работи би сакало да се заблагодари на одличната соработка на италијанските, либијските и босанските власти.
Автомобилот со тројцата инженери беше пронајден напуштен во градот Зувара, западно од либиската престолнина Триполи, пренесе агенцијата Reuters повикувајќи се на неименуван локален функционер. „Тие исчезнаа и се сомневаме дека се грабнати“, изјавил соговорникот на агенцијата.
Италијанската новинска агенција АНСА цитирајќи ги локалните медиуми јави дека станува збор инженери од компанијата „Piacentini Costruzion“ од Модена.




