Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Могерини: Договорот од Преспа е инспирација за решавање на други спорови

0
By Sashko on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот висок претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини од Форумот во Охрид посочи дека Договорот од Преспа, во чие постигнување таа беше лично активно вклучена, претставува инспирација за надминување на остананатите нерешени спорови во регионот.

Могерини е убедена дека Преспанскиот договор останува не само за неа, туку и за сите колеги од ЕУ и за евроатлантската заедница вистинско решение и пример.

– Договорот покажа дека ниту еден проблем не е нерешлив, за секое прашање, спор има решение, за тоа се бара лидерство, храброст, решителност и почит, што е потребно во голема мера во овие времиења и да се гледа напред и да се вложува повеќе за начинот, на кој можете да обезбедите одржлив пат за вашиот народ. Договорите се секогаш тешки, но можни, а Преспа е одличен пример од регионот дека Балканот може да испорачаат резултати и со поддршка на ЕУ и меѓународната заедница можат да се случат невозможни нешта, рече Могерини.

Таа нагласи дека местото на Западен Балкан е во ЕУ и оти не станува збор за процес на проширување, туку пред се за процес на обединување на Европа.

Џорџ Робертсон, поранешниот генерален секретар на НАТО, смета дека ниту Договорот од Преспа ниту Охридскиот договор не се доведени во прашање, туку претставуваат како храброста и калкулираната интеревенција можат да донесат победи.

– Заев и Ципрас демонстрираа огромна политичка храброст донесувајќи одлука што ќе ги отвори вратите на НАТО и да ја предвижи државата кон европските текови. Европското членство е на дофат, тоа ќе се случи, рече Робертсон.

Кога станува збор за Охридскиот рамковен договор, Робертсон ја искористи можноста пред учесниците на Форумот да ја истакне храброста на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, како човек што непријателите го нарекувале предавник што ја распродава земјата, а чиј придонес е огромен во надминувањето на кризата и воениот конфликт.

Јоханес Хан, поранешниот комесар на ЕУ за проширување, од говорницата во Охрид истакна дека  Северна Македонија служи како пример како договор по договор, чекор по чекор се остваруваат целите.

– Ќе биде потребно време, трнлив е патот до успехот, но сметам дека иако патот е кривулест и не секогаш се знае што се крие зад аголот, на крајот на краиштата ќе ги отстраниме сите камења од патот, рече Хан.

За Договорот од Преспа тој рече дека е фантастичен пример како се решават спорови, демонстрација на решителност и визија на лидерите на двете држави.

– Тоа беше важен сигнал за Регионот дека правичен компромис е возможен. Во многу преговори водени во регионот сум искусил чувство на постоење дијаметрално спротивни црно-бели позиции, поделби на победници или губитници. Но, во реалниот живот и особено како суштинско нешто кај демократиите е дека моѓе да се постигне правична зделка, пример што препознава само победници, рече Хан.

Хан изрази жалење што за миг е изгубен моментумот, динамиката на процесите што водат кон напредок на регионот.

– Можам да го разберам вашето разочарување, честопати сум имал слични чувства. Знам дека европјаните не сме лесни за соработка, но ние не сме лесни за соработка и меѓусебно, така што верувам дека на крајот на краиштата ќе дојдеме до резултати. Не би сакал од вас повторно да барам да демонстрирате трпение, тоа сте го направиле толку многу пати. Но, треба да се остане истраен на она што сме го започнале, она што сме го започнале ќе го испорачаме. Откако Северна Македонија ќе ги започне преговорите, верувам дека ќе биде она што беше во 200, најдобриот ученик во класот од регионот, рече Хан.

Потписникот на Договорот од Преспа, тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, а сега вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров порача дека сега е време оние големи зборови што ги доби Преспанскиот договор, како инспирација за регионот, како голем успех за Европа, како триумф на дипломатијата да се преточат во конкретни чекори.

– Не само за нашите две држави, туку и на целиот регион дали вреди да се инвестира политички капитал, кога се потпирате на европските ветувања. Многу често слушаме: вие испорачајте, ние ќе испорачаме. Ние испорачавме, одговорноста е сега ЕУ да испорача без разлика што тоа е сложен организам од 27 земји-членки, меѓутоа мора да најде начин да испорача бидејќи е опасно кога зборовите ќе останат празни, рече Димитров.

Договор од Преспа. Преспа Форум Дијалог Македонија Охридски договор Федерика Могерини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.