Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Могерини ќе се обрати пред пратениците во Собранието

0
By Нова ТВ on April 19, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија и заменик-претседател на Европската комисија Федерика Могерини денеска ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание.

Повод е Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и дадената чиста препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Могерини вчера се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев со кого имаше и заедничка прес-конференција на која истакна дека безусловната препорака за Македонија е заслужена и е признание од членките на ЕУ за сработеното.

– Се вративте назад на добрата патека. Можете да славите половина ден и потоа да се вратите на работа. Овој резултат е заеднички на Владата и опозицијата и тие заедно треба да ги продолжат и следните чекори и да ја преземат одговорноста за тоа. Добрите вести што ги носам значат и многу работа што треба да биде направена, а следното ниво е имплементација на реформите и на обврските што ги презедовте, како и враќањето на довербата на луѓето во институциите, рече Могерини на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Заев и го поздрави подобрувањето на соработката со соседите.

Порача да продолжат преговорите со Грција за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за што изрази надеж дека ќе се случи наскоро.

И Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, кој вчера го донесе извештајот на ЕК во Скопје, се оптимисти дека е можно решение за проблемот со името до Самитот на ЕУ на кој земјите членки ќе одлучуваат за давање датум за почеток на преговорите.

Хан, по предавањето на извештајот, посочи дека Македонија е пример за демократска промена во регионот и оти е импресиониран од направеното во однос на итните реформски приоритети.

– Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата. Земјата помина долг пат и покрај многуте искушенија и сега е цврсто назад на европскиот пат. Има позитивна промена, обновено чувство на отвореност, енергија и надеж. Се чувствуваат добрите вибрации во земјата и тоа треба се надградува, истакна еврокомесарот Хан.

И честита и на опозицијата за тоа што, како што рече, и таа придонела во насока на остварувањето на оваа стратешка цел на земјата и и порача дека од неа очекува целосна и конструктивна дебата за реформите. Нагласи дека реформите не треба да застанат тука, туку да продолжат, особено во судството.

Премиерот Заев, пак, рече дека добиената чиста препорака е силен мотив за достигнување на тешката, но достижна цел – почнување на преговорите за членство во ЕУ и нагласи дека очекува датум за почеток на преговорите во јуни годинава.

– За десет месеци направивме голем чекор во евроинтеграцискиот процес, а ЕУ тоа го забележа и вреднува. Чистата препорака за сите нас е силен мотив за следната тешка, но достижна цел. Одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Самитот во јуни е нашата следна цел. Владата уште поенергично ќе ги води реформите и политичките процеси во следните два месеца, со цел во јуни земјата да добие датум за почеток на преговорите, рече Заев.

Истакна дека по спроведените реформи и Договорот за добрососедство со Бугарија, на добар пат сме да го решиме и отвореното прашање со Грција.

Побара од ЕУ да остане фокусирана на Македонија и најави дека Владата продолжува со потребните реформи. Нагласи дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е врвен и стратешки интерес на Македонија и додаде дека интеграциите значат економски развој, нови работни места, повисоки плати, мотивирани млади луѓе и работна сила што ќе останат во земјава.

По посетата на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во посета на Македонија доаѓа следната  недела доаѓа и претседателот на Европски совет Доналд Туск.

Туск ќе ја посети Македонија во рамки на турнејата по земјите од Западен Балкан. Од 24 до 28 април ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора во контекст на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.

Неформална вечера со премиерите од Западен Балкан

Премиерот Заев и Могерини вчера вечер беа домаќини на неформалната вечера со премиерите од Западен Балкан во Скопје на која присуствуваат претседателите навладите на Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Еди Рама, Ана Брнабиќ, Рамуш Харадинај, Душко Марковиќ и Денис Звиздиќ.

Учесниците на вечерата, како што информираа од владината прес-служба, разговараат за состојбата во регионот, како и за процесите на интеграција на Западен Балкан во Европската унија.

– Премиерите уште еднаш ја потврдија својата искрена заложба за целосна имплементација на реформите во нивните земји, со цел да го забрзаат процесот на зачленување во Европското семејство. Од своја страна, високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини ја истакна потребата сите земји од регионот на Западен Балкан да ги забрзаат суштествените реформи со што ќе ги исполнат очекувањата на своите граѓани. А, со тоа промените ќе станат видливи и за Европската унија, соопшти валднината прес-служба.

Премиерите од Западен Балкан, седодава во соопштението, ја истакнаа и нивната силна определба и интерес за продлабочување на соработката и добрососедските односи, како и за промовирање на регионална соработка.

На денешната неформална вечера, сите се согласија дека 2018. е историска година за регионот и дека на земјите од Западен Балкан им се отвора голема можност да направат крупни чекори кон ЕУ интеграцијата, особено ако им се даде најголем приоритет на суштинските, неопходни реформи, односно владеењето на правото, правдата и почитување на основните човекови права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.