Шефицата на ЕУ дипломатијата во заминување Федерика Могерини во вторник на 29 октомври ќе организира работна вечера со лидерите од Западен Балкан, објави Танјуг.

На работната вечера во Брисел повикани се сите шест лидери од земјите од Западен Балкан, велат за Танјуг од ЕК.

Средбата се случува по Самитот на ЕУ, на кој Македонија и Албанија не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ поради ветото од Франција.

– Тоа е повеќе од пропуштена шанса, тоа е историска грешка што се надевам дека наскоро ќе биде поправена, оцени Могерини на својот блог во текстот насловен „Две одлуки, една грешка“.

Според неа шефовите на држави и влади ја одложија одлуката за преговори и покрај извонредниот напредок што го постигнаа двете земји и позитивната препорака од Европската комисија.