Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мојсоски: Во Идризово нема заболени затвореници, секој нов се става во изолација

0
By Нова ТВ on March 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 25, 2020 19:20

Тројца лекари и четири медицински сестри се задолжени во моментов за здравствената состојба на над 1150 затворениците во најголемиот затвор во Северна Македонија, КПУ Идризово, во кој, како што нагласи за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски се преземени сите мерки за заштита на затворениците и на вработените поради состојбата со коронавирусот.

Управата за извршување на санкциите согласно владините препораки од 10 март годинава донесе забрана за контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет и презема мерки за одржување високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита.

Мојсоски потенцира дека затворските власти и неколку дена пред тоа ги презеле потребните мерки. Секој новодојден затвореник се подложува на детален преглед, а потоа се изолира 14 дена, по што се внесува во затворскиот систем. Мора, според Мојсоски, да бидат крајно внимателни и подготвени за справување со ситуацијата додаваќи дека во затворот може да пристигнат и затвореници со ектсрадиција. Оваа недела немале таков случај, но минатата недела пристигнал затвореник од Србија и тој е во изолација. Директорот на Идризово нагласува дека водат грижа и за вработените, работат со маски, има постојани дезинфекции во сите ќелии.

„Вчера имаше информација што не е основана за заболени затвореници од коронавирус, а јас можам да кажам за затворот Идризово дека во моментов немаме никакви индикации на коронавирусот. Ги презедовме сите мерки и предвреме, пред да дојдат сите забрани, забранивме посети, викенди, слободни видувања. Дозволени се само пакети да им се носат на затворениците со храна и со средства за хигиена“, вели Мојсоски.

Управата за извршување на санкциите денеска претходно ја демантираше информацијата за појава на заболени осудени и притворени лица од новиот коронавирус, кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава. Управата преку соопштение реагираше на изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи за порталот „Журнал.мк“, а потоа истата прифатена и од порталот „Курир”.

Мојсоски вели дека бројката на затвореници во ќелиите е во рамки на законот, дека нема пренатрупаност.  Во новото полуотворено и отворено одделение има над 400 затвореници, а намален е и бројот на затвореници во зградата во затворениот дел.

„Луѓето се рамномерно распоредени во сите одделенија“, нагласи Мојсоски и додава дека во меѓувреме нарачале и далечински топломери, а температура се мери на секој затвореник и на секој вработен при доаѓање на работното место. Во врска со здравствената заштита нагласува дека во затворот има затвореници со секакви заболувања и во итните случаи се реагира и тие се носат или во „Мајка Тереза“ или во „8 Септември“ со посебни комби возила со дезинфекција и заштитни маски.

„Во моментов имаме 24-часовна поддршка од Здравствен дом – Скопје, имаме доктори и ниту еден новодојден затвореник не се вклучува во системот, без претходно да биде изолиран“, додава тој.

Мојсоски потенцира дека во обезбедувањето на затворот и негово непречено функцконирање се ангажирани сите вработени, на минимален број се сведени само оние во делот на администрацијата и оние кои имаат деца до десет години. Од Управата, денеска порачаа дека доколку во која било казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и ќе се преземат мерки согласно со препораките

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.