НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мојсова-Чепишевска: „Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија“ – стихот на Шопов ја одразува смислата на Третата зимска школа

0
By Ана Василевска on January 23, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Трета зимска школа, Весна Мојсова-Чепишевска
Трета зимска школа, Весна Мојсова-Чепишевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија“, со овој стих на великанот Ацо Шопов, објавен пред четириесет и три години, директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска го започна своето обраќање на свеченото отворање на Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ. Таа напомена дека овој стих, се чини ја одразува смислата на Школата, која годинава е во чест на Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање.

„Во сето време досега, токму странските македонисти и слависти се оние кои овозможија во една убава смисла да се остварува идејата дека „светот е судбина на Македонија“ – преку нивните беспоштедни заложби македонскиот збор да се чуе и разбере во странските културни средини. И тоа дури и во мигови кога како што би рекол Шопов, и ние почувствувавме дека „во Македонија / се збиднуваат и се прекршуваат сите дилеми на светот, / а светот е бремен од проблемите на Македонија“. Но и дека „Македонија ја дели судбината на светот, / а светот се судира со безброј македонски судбини.“ Ама во исто време, преку нивната решеност да се посветат на македонистиката и таа за нив да е животна определба, и нашата татковина постана судбина на светот, затоа што заложбите на странските македонисти и слависти се остваруваат не само во рамките на универзитетските центри и на меѓународната научна сцена, туку и воопшто преку афирмација на македонскиот збор и македонската мисла ширум светот“, напомена Мојсова-Чепишевска.

Своето обраќање, таа им го го посвети и им го упати ним – на странските македонисти и слависти кои се учесници на Школата. Притоа и го цитираше кажаното од Шопов пред повеќе од половина век: „Доаѓам од југ, од Македонија, земја на стари паметници на културата, на црното сонце на игото и долготрајниот јарем, каде што крстот на судбината е полесен од пепелта на минатото, каде што мртвите не можат да умрат додека трае песната на живите, каде што на живите не им тежат гробовите на мртвите туку песните што ги пеат, каде што водата извира од срцата на фреските и, заплискана од сонцето без исток и запад, повторно се влева во истите тие фрески како скаменет вез на ѕидовите на постоењето и неизбежноста. Доаѓам, а една мисла повторно ме возбудува: колку разновидност, богатства, длабочини, колку патишта и различни судбини на една мала грутка земја која ја чувствуваме како наша татковина, како сиот свет во мало да застанал на неа, со пркос кон себе си и кон другите.“

 Денес, преку оваа, Трета зимска школа и навистина, сиот свет е застанат во оваа мала грутка земја која ние ја чувствуваме како наша татковина, потенцираше таа. 

„Затоа што денес, виртуелно, но и духовно, со мисла и со збор, сплотени во определбата и желбата да ги изучувате македонскиот јазик, литература и култура, сите вие, од Европа, Америка, Азија и Австралија сте овде, на југ, во неговата и наша, ама уверена сум, веќе и ваша Македонија. Посакувам во следните шест дена, преку наставата што ќе ви ја овозможиме, уште повеќе да ја засакате и уште подобро да ја запознаете, онака како што ја доживувате вие, со сета ваша страст за македонистиката која ве доведе на оваа Школа, но и онака како што ја доживуваше Шопов – со старите паметници на културата, со сета разновидност, со сите богатства, длабочини, патишта и судбини… И за нив да продолжите да раскажувате во вашите културни средини, на вашите универзитети, во рамките на наставата, меѓу вашите колеги, но и во вашите истражувања и научни трудови кои ја говорат научната вистина или во вашите книжевни преводи“, им порача Мојсова-Чепишевска на учесниците на Школата.

Наставата за дел од учесниците на Школата, во целост ќе биде посветена на поезијата на Шопов, а како што истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ, слеаното во неговите стихови извира од овде, од неговата и наша татковина.

„Ако денес, од некои други простори, Ацо Шопов може да нè види и чуе, се надевам дека ќе се залечат дел од неговите рани кои оставија лузни во неговата поезија, затоа што денес, со оваа Зимска школа, инакво, а суштинско значење добива неговиот стих: „Македонија е во светот, а светот во Македонија“. Затоа што денес, во негова чест, „по долгите патишта на светот се отсликува ликот на Македонија, / а ликот на светот во Македонија“, истакна Мојсова-Чепишевска.   

 Таа посака и по Школата, во месеците што претстојат, преку заеднички идеи и активности да се развива соработката на МСМЈЛК при УКИМ со странските македонисти и слависти и веќе ги најави 56. Летна школа и јубилејната 50. Меѓународна научна конференција во Охрид.

„И тогаш, уште еднаш, заедно да му порачаме на Шопов: „Голем поету, знаеме дека ’Македонија е судбина на светот’, а ’светот судбина на Македонија’. И повторно, истовремено, ’Македонија е во светот, а светот е во Македонија’! И така ќе биде секогаш – и ’после многу лета, / после многу премрежја и дни’.“, порача Мојсова-Чепишевска во завршницата на своето обраќање.

 Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ се одржува виртуелно и ќе трае до 28 јануари, а е прва активност од националата програма „2023, година во чест на Ацо Шопов“. На неа учествуваат над 40 странски македонисти од 17 држави. На денешното свечено отворање на Школата се обратија и претседателот на државата, Стево Пендаровски, под чие покровителство се остварува националната програма по повод 100-годишнината од раѓањето на Шопов и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски. 

Ацо Шопов Весна Мојсова Чепишевска Трета зимска школа УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.