Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Молдавија: мистериозно исчезнување или кражба на векот

0
By Нова ТВ on April 10, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 10, 2015 15:04

Бирото за борба против корупцијата, парламентарците и американски финансиски детективи веќе со недели ја бараат трагата на 1 милијарда долари кои исчезнаа во Молдавија. Овој банкарски скандал се заканува да ја дестабилизира оваа земја, една од најсиромашните во Европа.

Медиумите се прашуваат дали станува збор за «мистериозно исчезнување» или «кражба на векот».

Скандалот избувна во моментот кога Централната банка на Молдавија откри дека три фирми, кои сочинуваат една третина од банкарскиот актив на земјата, дале кредити за сума од 1 милијарда или 15 отсто од бруто внатрешниот производ.

Трансакцијата била направена за само неколку дена и токму пред парлементарните избори во ноември кои гид обија проевропски парии а ги изгубија проруските опозицонери.

Не е познато кому биле наменети овие кредити и се чини дека парите едноставно исчезнале. “Не можам да си објаснам како може да се украде толкава сума пари во толку мала земја!”, изјави претставникот на ЕУ во Молдавија Пирка Тапиола.

Скандалот влезе и во парламентот на Молдавија. Според извештајот на една парламентарна комисија кој бил дискутиран зад затворени врати но сепак протекол во медиумите, еден дел од парите бил префрлен во четири руски банки. За да се избегне банкрот на трите фирми, банкрот кој би донел паника во банкарскиот систем, Централната банка одлучила таа самата да ги менаџира трите фирми – Економската банка, Унибанка и Социјална банка.

И обвинителството отвори истрага. Досега две лица чиј што идентитет не е откриен, се во притвор а имотите на повеќе други луѓе биле конфискувани.

Лидерот на опозицијата Игор Додон тврди дека парите завршиле на сметките на повеќе офшор компании каде е загубена нивната трага. Според него, јасно било дека кредитите нема да бидат вратени. Министерот за финансии вели дека се работи за “сомнителни трансакции”.

На почетокот на март, главните финансиски партнери на Молдавија – Светската банка, ЕУ и САД – побарале од властите да ја обелоденат точната сума на загубата за државата. Поради меѓународниот притисок, владата во Чисинау ја повика американската компанија Крол да ја реши оваа мистериозна афера.

Според францускиот дневник Ле Монд, три проевропски партии добиле на последните избори а една од нив се залага за реформи какви што бара ЕУ. Изборната победа дозволувала формирање на проевропска влада, но на две од од овие партии не им се допаѓаат условите и реформите што ги бара ЕУ. Која патем речено е најголемиот финансиер на судските реформи во земјата.

Така, било решено да се формира малцинска влада со учество на комунистите. Така финансискиот скандал стана и политички.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.