Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Молдавски опозициски лидер осомничен за злоупотреба на функцијата ја напуштил земјата

0
By Нова ТВ on June 15, 2019 СВЕТ
Фото: rferl.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот поранешната владејачка Демократска партија на Молдавија (ПДМ), Владимир Плахотник ја напуштил земјата, откако новата молдавска премиерка Маја Санду најави дека тој ќе биде кривично гонет за „узурпација на власта и други злоупотреби“, објавија медиумите во Кишињев.

На ваквите медиумски информации реагираше ПДМ, која соопшти дека Плахотник ја напуштил Молдавија „на неколку дена, за да го посети семејството“.

ПДМ премина во опозиција откако на 8 јуни дотогашниот премиер и нејзин член Павел Филип поднесе оставка, по што беше формирана нова Влада предводена од Санду.

На првата седница на нејзината Влада, Санду најави дека ќе се залага за зајакнување на врските на Молдавија со ЕУ и дека пред лицето на правдата ќе ги изнесе оние кои во изминатиов период ја злоупотребувале власта.

Молдавија западна во политичка криза по изборите во февруари годинава, на кои дотогашната владина коалиција предводена од ПДМ го загуби мнозинството во Парламентот, а партиите не може да се договорат за формирање нова влада.

По неколкумесечни преговори три парламентарни партии се договорија за формирање влада на чело со Санду, во која нема да биде вклучена ПДМ. На ова реагираше Уставниот суд, кој е под контрола на ПДМ, разрешувајќи го шефот на државата Игор Додон и именувајќи го премиерот Филип за привремен претседател, кој потоа го распушти Парламентот и распиша предвремени избори за септември, со што кризата во земјата се подлабочи. Конечно, 8 јуни Филип поднесе оставка, Додон се врати на претседателската функција и беше формирана нова влада на чело со Санду.

Владимир Плахотњук злоупотреба Молдавија Функција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.